21.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Европскиот класик секогаш е интересен, гол ќе дадат и Германија и Франција

6786 Унгарија – Португалија (ЕП, 18 часот)

Унгарија е еден од домаќините на Европското првенство, а за противник на стартот ќе го има актуелниот шампион Португалија.

Кристијано Роналдо и соиграчите сакаат нова титула, Португалија има моќен тим, што е спој на неколку генерации извонредни фудбалери и е фаворит.

Унгарија може да биде незгоден ривал, кој има актуелна низа од 11 меча без пораз. Интересно е што Унгарците никогаш не ја победиле Португалија, а имаат одиграно 8 меча против нив.

Типуваме дека и овојпат нема да успеат, Португалија ќе победи со решевачки гол(ови) во второто полувреме.

Предлог тип: Х-2 (4.25)

 

6787 Франција – Германија (ЕП, 21 часот)

Ова е едно од петте најголеми фудбалски ривалства во Европа, а двата гиганти имаат одиграно безброј мечеви. Ривалитетот се зголеми особено по контроверзното полуфинале на Мундијалот во 1982 година, кога во Севилја Германија ја победи Франција со 5:4 на пенали, откако во еден од најубавите мечеви на сите времиња во регуларниот дел беше 1:1, а по продолженијата 3:3.

Имаше и црна дамка на тој дуел која сè уште се памети. Германскиот голман Харалд Шумахер со крвнички старт му скрши два заба на Патрик Батистон, кој падна како покосен на теренот и кусо време беше и во несвест.

Судијата Корвер од Холандија не досуди очигледен пенал за Франција, не го ни опомена Шумахер, а Батистон мораше повреден да го напушти теренот.

Оттогаш специјален шарм имаат натпреварите меѓу Галските петли и популарниот Маншафт, а и денеска ќе биде така.

Франција само еднаш во историјата на ЕП, и тоа на првото во 1960 година го загубила стартниот меч на шампионатите. Имаат и серија од пет меча без пораз против Германија, прогласени се за топ-фаворити, но според нас, најдобро е да се одигра дека ќе има гол(ови) во двете мрежи.

Предлог тип: ГГ (1.81)

 

2704 ХИФК – Хонка (Финска, 17 часот)

ХИФК е во подобра форма од Хонка и ако успее да победи, може да се пробие и на третата позиција, што би било одлично за тимот од Хелсинки.

Хонка во минатото првенство успеа да заврши на четвртата позиција и ќе игра во квалификациите за Лигата на Европа. Очекуваа подобар старт сезонава, но сè уште е рано, има време за да се поправи впечатокот.

Гостите немаат реми досега на седум одиграни натпревари, а немаат победа против ривалот од Хелсинки на последните три меѓусебни дуели.

Предлог тип: 1Х&2+ (2.20)

 

2705 Хака – Лахти (Финска, 17.30 часот)

Лахти има подобра екипа и амбиции да игра во плејофот за титулата и почна солидно. По шест одиграни натпревари, се на четвртото место, што им дава реални шанси за плејоф.

Хака е втората најтрофејна екипа во Финска со 9 титули, веднаш зад неприкосновениот рекордер ХЈК Хелсинки. Последната им беше во 2004 година, а како што играат, тешко дека ќе бидат конкуренти за титулата.

Лахти е во подобра форма, има подобар тим и типуваме дека нема да загуби.

Предлог тип: Х2&2+ (1.79)

 

2706 КТП – Оулу (Финска, 17.30 часот)

Ова ќе биде дерби на двете најслабопласирани екипи во финското првенство. КТП има една победа и четири бода, а Оулу нанижа шест порази и е топ-кандидат за испаѓање.

Лани ситуацијата на конечната табела во Втората лига беше обратна од сегашната во најсилната финска дивизија и Оулу како шампион се пласира во највисок ранг на натпревари, а КТП мина низ плејофот.

На 7 од последните 8 меѓусебни средби на КТП и Оулу немаше повеќе од два гола, па тоа ќе биде нашиот тип, комбинирано со прогноза дека КТП нема да загуби.

Предлог тип: 1Х&0-3 гола (1.68)

 

- Оглас -

Најнови вести