26.8 C
Skopje
четврток, 24 јули 2025

Плусови ќе се нижат во полуфиналето на Вимблдон

7037 Су-Веи/Мертенс – Аојама/Шибахара (Вимблдон, полуфинале, 14.05 часот)

Хси Су Веи е интересна приказна и најдобра дубл тенисерка од квартетот што денеска ќе игра во полуфиналето на теренот број 1 на Вимблдон.

Освои три гренслем титули, една на Ролан Гарос и две токму на Вимблдон. Во 2013 година со Шуаи Пенг за првпат крена пехар на греснлем-турнир, а идната година истиот тандем пак славеше, но во Париз на Ролан Гарос.

Потоа долгогодишна партнерка на Тајванката ѝ беше Барбара Стрицова. И со неа освои пехар на Вимблдон во 2019 година, односно на последниот турнир, пред овој, бидејќи во 2020 година не се играше тенис во Лондон поради корона-кризата.

Стрицова мораше на трудничко отсуство, па сега Су Веи игра со Мертенс и стигна до полуфиналето и практично таа го брани трофејот во женски двојки.

И кај ривалките има интересна приказна. Ена Шибахара до 2019 година играше за САД, а сега настапува за Јапонија. Има 23 години и е 10 години помлада од Шукло Аојама, но направија извонреден спој во женски двојки. Досега не загубија ниту еден сет на турнирот и иако се аутсајдерки на хартија, имаат квалитет да одиграат неизвесен меч што може да ги однесе во првото гренслем-финале во кариерата.

Предлог тип: >21.5 гем (1.85)

 

7315 Беретини – Хуркач (Вимблдон, полуфинале, 14.35 часот)

И за Беретини и за Хуркач ова е прво полуфинале на Вимблдон, а еден од нив ќе игра и во мечот за титула во недела. Беретини е подобро рангиран, како деветти на АТП-листата, а во Лондон е седми носител.

Хуркач е број 18 на светот и 14-ти носител на Вимблдон, но и двајцата ќе напредуваат со освоените поени за пласманот во полуфиналето.

Беретини веќе загуби едно полуфинале, од Надал на Отвореното првенство на САД, па ќе сака конечно да го направи важниот чекор и да игра големо финале на гренслем трунирите.

Хуркач направи две сериозни изненадувања на турнирот, и тоа по ред. Прво го елиминира вториот носител Медведев во маратонска битка со 3:2, а потоа го декласира Роџер Федерер со 3:0, на меч на кој третиот сет го заврши триумфално со 6:0. Тоа ќе му даде крилја на Полјакот и на трет меч по ред да се обиде да направи изненадување и не е без шанси.

Ќе гледаме два разлчини концепти на игра, а очекуваме неизвесен меч во четири или пет сета со многу гемови.

Предлог тип: >40.5 гема (1.87)

 

7120 Кудјерметова/Веснина – Долхајд/Сандерс (Вимблдон, полуфинале, 15.45 часот)

Елена Веснина е топ тенисерка во женски двојки и има три титули на гренслем-турнирите. Сите ги освои со долгогодишната партнерка Елена Макарова, а двете славеа на Ролан Гарос во 2013 година, следната на Отвореното првенство на САД и на Вимблдон во 2017 година. Веснина пред три години беше рангирана како најдобра тенисерка на светот во дубл и нејзиното искуство може да биде пресудно во второто женско полуфинале на Вимблдон.

За Долехајд и Сандерс, кои се американско-австралиска комбинација, ова е најголем успех во кариерата, а изненадија со победа од 2:0 во четвртфиналето против тајванската комбинација Чан/Чан.

Сепак, искуството и квалитетот на Веснина, сега во тандем со Кудјерметова е преголем залак за ривалките и ќе типуваме на победа на Русинките.

Предлог тип: 1 (1.45)

 

7316 Новак Ѓоковиќ – Денис Шаповалов (Вимблдон, полуфинале, 17 часот)

Ѓоковиќ е апосолутен фаворит за освојување на јубилејната 20-та гренслем-титула. Во костурот останаа тенисери што немаат победа на кој било од четирите најценети тениски турнири на светот, а и квалитетот на Новак е далеку над останатите полуфиналисти.

Против Шаповалов има шест победи и еден пораз во егзибициски меч, и тоа единствен што досега го играле на трева. Ѓоковиќ досега загуби само еден сет на турнирот, против Денис Кудла, но имаше и неочекувани падови во играта и на дуелите со Гарин и со Фучович, иако ги победи со по 3:0.

Шаповалов ќе му биде досега најсериозниот ривал на најдобриот светски тенисер. Канаѓанецот има моќен сервис, на сите четири меча што ги одигра имаше двоцифрен број асови и тоа ќе му биде адут за евентуално изненадување. И форхендот му е многу моќен, па Ѓоковиќ не смее да дозволи да влезе во ритамот на помладиот ривал, кој има 22 години.

Новак е голем фаворит, но ќе типуваме дека Шаповалов ќе му пружи сериозен отпор и дека на мечот ќе има повеќе од 32 игри.

Предлог тип: >32.5 гема (1.87)

 

1285 УЦД – Вексфорд (Р. Ирска, Прва дивизија, 20.45 часот)

Тимот од Даблин и Вексфорд имаат интересна традиција со многу голови во меѓусебните дуели. На два од последните пет меча УЦД победуваше со неверојатни 8:0, а еден натпревар заврши со нивна победа од 6:0, и тоа последниот во април годинава.

УЦД бие битка за настап во плејофот, што може да им донесе и прволигашки статус во Република Ирска, а Вексфорд е убедливо најслабиот тим во Првата дивизија само со една победа на 14 меча и само со 4 бода.

И сега домаќинот е голем фаворит, можно е пак да има 7+, но посигурно е да се одигра дека УЦД ќе победи на меч со најмалку четири погодоци.

Предлог тип: 1&4+ (2.85)

 

- Оглас -

Најнови вести