Челзи без многу проблеми ги освои првите три бода во новото првенство на Премиер лигата, откако со 3:0 славеше на „Стемфорд Бриџ“ против Кристал Палас. Фаворитот уште во првото полувреме го скрши отпорот на ривалот.
Маркос Алонсо во 27 минута со спектакуларен шут од слободен удар донесе радост за домаќините и водство од 1:0. До крајот на првиот дел погоди и Кристијан Пулишиќ за сигурна предност во пресрет на вториот дел.
Во второто полувреме се случи момент за памтење на Томах Чалоба. Дефанзивецот кој како осумгодишно дете прв пат потпиша за Челзи и 11 години помина во младинската школа, за потоа да биде даден на позајмица на Ипсвич, па на Хадерсфилд и на крајот во Лориен, пред ова лето да биде вратен на „Стемфорд Бриџ“, го постигна третиот гол на мечот.
За Чалоба ова беше прв меч во сениорскиот тим на Челзи во Премиер лигата и веднаш погоди со шут надвор од шеснаесетникот. Со 22 години и 40 денови, тој е вториот најмлад играч кој во дебито за Челзи постигнал гол во Премиер лигата.
https://twitter.com/i/status/1426563618515079181
Лестер со голот на Џејми Варди го победи Вулверхемптон, додека Евертон со 3:1 славеше дома против Саутемптон. Ватфорд го искористи домашниот терен и победи со 3:2 против Астон вила, а единствен кој се радуваше на гости е Брајтон и тоа кај Барнли со триумф од 2:1.