24.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Гранада може да даде гол, но нема да го победи освојувачот на Европа Лигата

1959 Сиваспор – Коњаспор (Суперлига, Турција, 18.15 часот)

Сиваспор за малку ќе направеше „од готово вересија“ во квалификациите за настап во Конференциската лига на УЕФА, но се спаси со гол во продолженијата и го елиминира грузискиот тим Динамо Батуми.

Во финалната фаза ќе играат двомеч со данскиот Копенхаген на 19 и на 26 август, па сега важно им е да направат победничка атмосфера. За старт во новата сезона во турското првенство Сиваспор има гостин што му лежи, а Коњаспор има неверојатна серија од 12 меча на стадионот „Четврти септември“ во Сивас.

Последен пат Коњаспор славеше како гостин против Сиваспор во 2007 година, што покажува дека ова им е едно од најтешките гостувања во Турција.

За гостите нема да игра македонскиот интернационалец Ердон Даци, кој е повреден, а ќе типуваме дека со победа на Сиваспор ќе продолжи традицијата во меѓусебните мечеви против Коњаспор.

Предлог тип: 1 (2.14)

 

1309 Вилјареал – Гранада (Ла Лига, Шпанија, 20 часот)

Двете последни гостувања на Гранада на „Серамика“ донесоа извонреден фудбал и драми со пресврти и многу голови. Во 2019 година дуелот заврши со неверојатни 8 гола, по четири во двете мрежи, а лани беше поскромно, 2:2, но за шпански стандарди изклучително ефикасно.

Проблем за Гранада е што не знае како да ја победи Жолтата подморница на гости и досега нема ниту еден триумф, а на вкупно 16 дуели во сите конкуренции, само двапати успеваа да се радуваат на победа.

Вилјареал е под впечаток на поразот од Челзи во Суперкупот на Европа, кога загубија на пенали, а беа сосема рамноправни во дуелот со актуелниот европски првак.

Жолтата подморница е фаворит и типуваме дека повторно нема да загуби од Гранада, која ќе даде гол на премиерата за двете екипи во новата сезона во Ла Лига.

Предлог тип: 1Х&ГГ (2.23)

 

3667 Борац Бањалука – Зрињски (Премиер лига, БиХ, 20 часот)

Шампионот на Босна и Херцеговина, Борац, има лош старт во новото првенство и на три меча е без победа и без постигнат гол. Данокот си го зеде исцрпувачкиот настап во квалификациите за ЛШ, кога немаа среќа и по продолженија беа елиминирани од Клуж.

Потоа доживеаја дебакл против Линфилд и испаднаа и во квалификациите за учество во Конференциската лига на УЕФА. За разлика од нив, Зрињски одлично го почна првенството, со реми на гости против Широки Бријег и со победи против двата гиганти на босанскиот фудбал, Сараево и Железничар. Серијата им е без примен гол, што потврдува дека дефанзивата им функционира беспрекорно во првите три кола.

Гостите се во подобра форма, но во Бања Лука тешко се победува, а тоа најдобро го знаат играчите на Зрињски, кои немаат победа на гости против Борац на 12 меча по ред.

Домаќините не смеат да загубат ако сакаат да ги задржат надежите за одбрана на титулата, па овде „мириса“ на тврд меч со најмногу два гола.

Предлог тип: 0-2 гола (1.51)

 

1648 Јонг Ајакс – Додрехт (Ерстедивизија, Холандија, 20 часот)

Втората екипа на Ајакс е минијатура на сениорскиот тим и играат офанзивно за гол повеќе во второлигашкото друштво. Таквата игра често е и ризична, па лани Јонг Ајакс беше меѓу екипите со најмногу примени голови, дури 71 во Ерстедивизија.

Повеќе од нив прими Дордрехт, дури 97 во 38 кола, па тие беа екипата со најмногу примени голови во првенството.

И дуелите меѓу овие две екипи по правило се ултраефикасни, секогаш има многу погодоци, па ќе типуваме дека традицијата ќе продолжи и денеска, со поклопување на голови во двете мрежи, или во првото или во второто полувреме.

Предлог тип: ГГ прво/второ (1.73)

 

1310 Елче – Атлетик Билбао (Ла Лига, Шпанија, 22 часот)

Елче се спаси од испаѓање во ланската сезона токму со победа од 2:0 во последното коло против Атлетик Билбао на домашен терен. Мечот беше само ревијален за Баскијците и лесно го положија оружјето на радост на симпатизерите на Елче.

И првиот дуел во ланската сезона беше скромен со голови, а Атлетик го победи Елче со 1:0 на „Сан Мамеш“. Можно е да има и хет-трик на дуели со 0-2 гола бидејќи и двете екипи нема да сакаат да загубат на стартот од новото издание на Ла Лига, а патем и знаат да одиграат тврд меч.

Предлог тип: 0-2 гола (1.55)

 

- Оглас -

Најнови вести