16.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Најтрофејниот португалски клуб ќе победи

6735 Малме – Лудогорец (21 ч.)

Историски двомеч за двете екипи кои се на чекор од влез во групната фаза во Лигата на шампионите. Малме одигра херојски против Ренџерс и со фудбалер помалку даде два гола за победа во Глазгов. И Лудогорец направи изненадување елиминирајќи го Олимпијакос, и тоа по подобро изведување на пеналите.

Двата тима покажаа дека не сакаат многу да калкулираат, па може да очекуваме погодоци. На девет од последните 10 меча на Малме имало најмалку два погодоци.

Предлог тип: 1Х&2+ (1.85) – квота на денот во Sport Life

 

1620 Бенфика – ПСВ Ајндховен (21 ч.)

Бенфика е во одлична форма и има 15 победи во последните 19 меча во сите натпреварувања. Португалскиот гигант лесно го елиминира Локомотив Москва во претходното коло и сега е фаворит против ПСВ. И тимот од Ајндховен е во одлична серија и во последните 17 средби има 15 победи и само две нерешени.

Овие два клуба имаат одиграно вкупно шест меча, во кои Бенфика има две победи, ПСВ се радувал еднаш, а три дуели завршиле нерешено.

Предлог тип: 1 (2.37) – квота во Супер типот на Sport Life

 

6734 Јанг бојс – Ференцварош (21 ч.)

Ференцварош веќе направи чудо со стигнувањето до плејофот за влез во Лигата на шампионите, но тешко дека ќе може да направи подвиг и против Јанг бојс. Швајцарскиот тим на домашен терен во претходното коло даде три гола за лесна победа над Клуж.

Сигурно дека гостите нема да се предадат, но сепак Јанг бојс ја има улогата на фаворит.

Предлог тип: ГГ 3+ (2.70)

 

6022 Селтик – АЗ Алкмар (20:45 ч.)

Селтик беше елиминиран од квалификациите во Лигата на шампионите, но потоа заигра сигурно, па на последните четири средби се радуваше четири пати и даде дури 16 погодоци.

АЗ Алкмар дури сега ја започна сезоната и на стартот од домашното првенство загуби од РКЦ Вајвијк, што беше големо изненадување и ќе биде интересно да се види како холандскиот тим ќе се справи во Шкотска.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.98)

 

1821 Оснабрик – Дуисбург (19 ч.)

Интересен меч од третата германска лига. Оснабрик лани беше во Цвајте, но испадна и сега е дел од третата лига, каде што Дуисбург за малку не испадна. По првите две кола, двата тима имаат по една победа и еден пораз.

Од 2000 година досега овие два клуба имаат одиграно 15 меча, а традицијата вели дека голови треба да има. Дури 12 од тие 15 средби завршиле со погодоци на двете страни, што покажува дека се игра без многу калкулации.

Предлог тип: ГГ (1.68)

 

- Оглас -

Најнови вести