29.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

Шкендија гостува кај тимот кој по две кола ниту даде, ниту прими гол

Третото коло во македонското првенство ќе го одбележи новиот протокол, а тоа е дека на стадионите може да влезат само гледачи кои се вакцинирани против корона-вирусот или го имаат прележано опасниот вирус во период не постар од 45 дена. Според донесените одлуки, на денешните шест меча редарите пред влезот на стадионите ќе мора да добијат потврда од гледачите дека се вакцинирани за да може во живо да ги следат дуелите од третото коло.

Тоа што е интересно е дека само по две одиграни кола, нема тим со перфектен биланс. Четири екипи имаат по четири бода, а само Пелистер не освои ниту еден бод. Сите шест денешни меча ќе стартуваат од 17 часот, а интересно ќе биде да видиме дали актуелниот првак Шкендија ќе стигне до првиот триумф.

Тетовци гостуваат во Штип кај Брегалница, единствениот тим кој по првите две кола ниту даде, но не ни прими ниеден гол. Тоа доволно зборува дека примарна цел на штипјани е одбраната. Традицијата на меѓусебните дуели на овие два тима вели дека Шкендија е голем фаворит затоа што успеа да победи на 10 од последните 12 средби со Брегалница, а два меча завршиле нерешено. Штипјани од април 2014 година чекаат да се израдуваат на победа против Шкендија.

„Нè очекува тежок натпревар против актуелниот шампион. Јасно е дека Шкендија на секој натпревар е фаворит за бодовите. Сега дополнително мотивирани за победа доаѓаат во Штип по поразот од Ренова, но јасно е и дека воопшто нема да им биде лесно. Нема збор дека максимално го респектираме противникот, но доволно ги знаеме и сопствените квалитети, кои верувам може да нè одведат до позитивен резултат. Огромната поддршка од навивачите сигурно треба да биде дополнителен импулс за максимално издание на терен“, рече тренерот на Брегалница, Марјан Секуловски, за клупскиот сајт.

Пелистер до првите бодови ќе се обиде да стигне на домашен терен против Шкупи. Во Ѓорче Петров се игра градското дерби меѓу Македонија и Скопје, а Работнички на арената „Тодор Проески“ е домаќин на Струга. Ренова ќе игра против Борец, а Тиквеш ќе се сретне против Академија Пандев.

Сите шест меча може да ги најдете за обложување во понудата на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести