6765 Купс – Унион Берлин (Квалификации за Конференциската лига, 18 часот)
Финскиот тим направи две изненадувања и ги елиминира фаворизираните Ворскла од Украина и казахстанскиот тим Астана, но сега е апсолутен аутсајдер против Бундеслигашот.
Ова е финален двомеч за настап во Конференциската лига на УЕФА, а предност на Купс е што нема што да загуби. Унион Берлин се приклучи во оваа фаза во квалификациите и треба само да биде подобар од Купс за да игра во фазата по групи во новото натпреварување на УЕФА.
Интересно е што и двете екипи имаат идентични и имрпесивни серии од по 9 меча без пораз, што најаувува добар двомеч и многу голови.
Купс има двајца опасни напаѓачи, Рангел, кој досега во квалификациите постигна пет гола на три двомечи, и Удо со три погодоци. Финците можат да му дадат гол на гостинот од Берлин, но ќе им биде тешко да го елиминираат Бундеслигашот.
Предлог тип: ГГ (1.92)
6023 Омонија – Антверпен (Квалификации за Лигата на Европа, 19 часот)
Омонија сака реприза на ланскиот успех, кога го имаше првото и историско учество во фазата по групи во Лигата на Европа. За таа цел на најуспешниот кипарски клуб му треба да биде подобар во двомечот со Антверпен.
И Белгијците лани блеснаа и забележаа одличен настап во Лигата на Европа кога ја минаа групната фаза и потоа во фантастичен двомеч со 14 гола беа елиминирани од Глазгов ренџерс со вкупен резултат од 9:5.
Кралскиот клуб од Антверпен има неверојатна традиција на постоење од 141 година и е еден од најстарите клубови во Европа. Во сезоната 1992/93 беа на прагот на европски пехар, но загубија во финалето на „Вембли“ од Парма во поранешниот Куп на победници на купови.
Омонија тешко се победува на „НЕО“ во Никозија, но Антверпен има добри офанзивци и тим, па ќе типуваме дека ќе се тресат и двете мрежи.
Предлог тип: ГГ (1.89)
6024 Рандерс – Галатасарај (Квалификации за Лигата на Европа, 19 часот)
Рандерс постои само 18 години и е еден од клубовите со најкус стаж во квалификацискиот циклус за настап во Лигата на Европа, но и така има место во историјата на УЕФА натпреварувањата.
Тие се единствениот клуб што двапати добил покана од УЕФА да игра квалификации за Лигата на Европа, и тоа двапати благодарение на ФК Копенхаген.
Во сезоната 2009/10, Данска благодарение на наградата за ферплеј на годината, доби едно место гратис во еврокуповите, а ФК Копенхаген, кој беше најдисциплиниран тим, се избори за настап во Лигата на шампионите, па Рандерс како втор според ферплеј листата во Данска доби шанса да игра квалификации за Лигата на Европа.
Тоа се случи и во следната сезона и повторно Рандерс наместо ФК Копенхаген, кој пак играше во ЛШ, доби покана да игра нови квалификации за Лигата на Европа.
Сега данскиот клуб стигна најдалеку и игра финален квалификациски двомеч за ЛЕ против турскиот гигант Галатасарај.
Галата е еден од најголемите спортски симболи на Турција, вистински гигант со две европски титули, пехарот освоен во УЕФА купот во 1999/2000 и трофејот во Суперкупот на Европа истата сезона.
Фаворитот се знае, тоа е Галтасарај, но Рандерс има интересна екипа, се наоѓа во серија од 10 меча без пораз и ќе типуваме дека ќе им даде гол(ови) на гостите, но и ќе прими некој погодок.
Предлог тип: ГГ (1.77)
6026 Мура – Штурм (Квалификации за Лигата на Европа, 19 часот)
Мура ја елиминира Шкендија со вкупен резултат од 6:0, но потоа беше елиминирана од Лудогорец за настап во Лигата на шампионите.
Тимот што првпат освои титула во Словенија сега има шанса да игра во фазата по групи во Лигата на Европа ако го елиминира Штурм. Ова ќе биде регионално дерби, а фаворити се Австријците.
Мура како клуб постои само 9 години, a Штурм е формиран пред 112 години и неколкупати има играно и во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа.
Словенците имаат лош старт во новата сезона во домашното првенство, имаат само два бода на четири меча, а и одиграа доста квалификациски натпревари летово, па ќе бидат поуморни од ривалот од Австрија.
Штурм е една од најефикасните екипи во Австрија, почна одлично во новата сезона со три победи и гол разлика од 10:3 и е фаворит против Мура.
Предлог тип: 2&ГГ (4.10)
6790 Санта Клара – Партизан (Квалификации за Конференциската лига, 22.30 часот)
Партизан има многу поголем рејтинг во Европа и настапи и во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа, за разлика од Португалците.
Санта Клара и третпат летово ќе игра двомеч против екипа од поранешна Југославија, откако ги елиминира Шкупи и Олимпија, но сега ривалот е многу посилен.
Партизан ги елиминира Дунајска стреда и Сочи, па ако успее да нанише хет-трик, ќе игра во Конференциската лига на Европа. Црно-белите се во одлична форма, тргнаа со четири победи на четири меча во српското првенство, а се во серија од 11 меча без пораз во сите конкуренции.
Санта Клара прими пет гола на два меча во домашната Примеира, има пораз и реми и типуваме дека и денеска нема да слави во меч со ривал што има и подобра екипа од нив и многу поголем рејтинг.
Предлог тип: Х2&ГГ (2.45)