1007 Саутемптон – Манчестер јунајтед (Премиерлига, Англија, 15 часот)
Саутемптон настрада во февруари во дуел со Манчестер јунајтед и загуби на „Олд Трафорд“ со неверојатни 9:0. Дебакл што долго ќе го паметат популарните Светци, кои имаат и лоша традиција против Црвените ѓаволи.
Саутемптон не го победил Манчестер јунајтед на последите 10 меѓусебни дуели во сите натптреварувања, а интересно е што најчести има многу голови.
Од тимот си замина најдобриот стрелец Дани Ингс и Саутемптон не успеа да најде барем приближно достојна замена. Загубија од Евертон на премиерата од новата сезона во меч со четири гола, Манчестер јунајтед славеше против Лидс со 5:1, па тоа и традицијата се добра најава за нов меч со многу погодоци меѓу овие две екипи.
Предлог тип: 3+ (1.75)
1706 Бордо – Анже (Лига 1, Франција, 15 часот)
Владимир Петковиќ се уште ја чека првата победа со Бордо, а задачата ќе биде тешка и денеска, бидејќи на гости има доаѓа лидерот во Лига 1.
Анже има одличен старт со две победи и гол-разлика од 5:0. Нападот им функционира одлично, минатиот викенд го декласираа Лион со 3:0, а и одбраната е топ и се уште се без примен гол.
Петковиќ, кој имаше успешен настап на ЕП како селектор на Швајцарија ќе мора да најде рецепт како да го сопре разиграниот тим на Анже.
За домаќините нема да игра напаѓачот Самуел Калу, откако колабираше на Велодром против Марсеј на стартот од мечот минатиот викенд, а Петковиќ има уште неколку проблеми со отсутни играчи.
Бордо со новиот сопственик Џерард Лопес и со новиот тренер Владимир Петковиќ очекува добра сезона, но стартот е со пораз дома од Клермон и со реми против Марсеј на гостински терен. Ќе бараат трета среќа против Анже, но ќе типуваме дека ќе освојат само еден бод против лидерот во Франција.
Предлог тип: Х (3.15)
1808 Хофенхајм – Унион Берлин (Бунделсига, Германија, 15.30 часот)
И двете екипи имаат одлична атмосфера, а ги добија последните натпревари што ги одиграа со ист резултат од 4:0. Унион Берлин имаше меч и во текот на оваа седмица и славеше убедливо на гостувањето кај Купс и ако не се случи чудо во реваншот во Германија ќе играат во Конференциската лига на УЕФА.
Тоа ќе биде деби за клубот во фаза по групи во европско натпреварување. Хофенхајм со 4:0 го победи Аугсбург минатиот викенд во првото коло во Бундеслигата и ја продолжи серијата.
Во ланското првенство не беа поразени во последните 7 кола, а и новата сезона во Бундеслигата ја почнаа со убедлива победа. Унион Берлин е две години по ред член на елитната германска лига и игра се подобро.
Урс Фишер одлично го предводи тимот што е тврд орев за сите во Бундеслигата. И Хофенхајм и Унион Берлин имаат одлични напаѓачи и се очекува ефикасен меч.
Предлог тип: ГГ&3+ (2.09)
3005 Удинезе – Јувентус (Серија А, Италија, 18.30 часот)
Јувентус почнува мнова ера со Маимилијано Алегри како кормилар и тренер што се врати во клубот, а во петгодишниот мандат претходно секој пат беше првак на Италија со Старата Дама.
И Удинезе почнува нов период, без капитенот и најдобар играч Родриго Де Пол, кој се пресели во Атлетико Мадрид. Зебрите не купија играчи што можат да го заменат и неговото влијание и квалитет, па ги чека тешка сезона.
Илија Несторовски е повреден, а прва опција за главен напаѓач против Јувентус ќе бидат Окака и Кристо Конзалес. Јувентус ретко ги губи премиерните мечеви во Италија, има 9 победнички старта во последните 10 сезони и амбиции да го врати Скудетото во своите витрини.
Гостите имаат поквалитетен тим,со неколку големи ѕвезди, го купија и одличниот италијански репрезентативец Локатели и типуваме дека ќе победат.
Предлог тип: 2 (1.54)
1307 Атлетико Мадрид – Елче (Ла Лига, Шпанија, 19.30 часот)
Атлетико ја почна мисијата за одбрана на титулата со победа против Селта во Виго, што ќе им даде дополнителен потстрек да слават и против Елче, за максимален старт во Ла Лига.
Елче е екипа што постојано губи кога му гостува на денешниот ривал во Мадрид и во овој милениум имаат шест порази на истотолку натпревари. И на сите Атлетико даваше најмалку по два гола.
Се очекува Луис Суарес и Кјеран Трипие да се вратат во стартниот состав на Атлетико, но нема да играат Жоао Феликс, Маркос Паоло и исклучениот против Селта, Марио Хермосо.
Елче лани беше еден од најслабите тимови во Ла Лига на гостувањата, а на „Ванда Метрополитано“ тешко се игра против шампионот, па се очекува традицијата да продолжи.
Предлог тип: 1&T1 2+ (1.49)