Топ е ждрепката за фазата по групи во Лигата на шампионите со неколку исклучително добри мечеви, а гигантите ќе мора да играат меѓу себе уште во првата фаза.
Двете екипи со богати сопственици од Катар, Манчестер сити и Пари Сен Жермен, се во А групата, што значи дека Лионел Меси ќе се обиде да го победи својот поранешен тренер Пеп Гвардиола. Тука се и Лајпциг и Бриж како конкуренти на двата големи фаворити.
Многу интересна е и Е групата со гигантите Баерн Минхен и Барселона како главни фаворити за пласман понатаму. Во групата со многу трофеи од КЕШ, или ЛШ, се најде и двојниот европски првак Бенфика и Динамо Киев.
Топ-група има и актуелниот европски првак Челзи, а главен конкурент ќе му биде Јувентус. Домаќинот на финалето, Зенит од Санкт Петербург, и Малме ќе се обидат да им конкурираат на двата главни фаворити во Х групата за пласман во нокаут-фазата.
Реприза на последното финале во Лигата на Европа ќе има веднаш на стартот од фазата по групи во Лигата на шампионите, а двомеч ги чека Вилјареал и Манчестер јунајтед. Шпанците го победија англискиот тим и го освоија пехарот. Со нив во Ф групата се и Аталанта и Јанг бојс.
Супер ќе биде и Б групата, каде што носител е Атлетико Мадрид, единствената екипа што нема пехар во ЛШ во конкуренција со Ливерпул, Порто и Милан.
Еве го составот на сите 8 групи во првата фаза од Лигата на шампионите:
Група А: Манчестер сити, ПСЖ, Лајпциг, Бриж.
Група Б: Атлетико Мадрид, Ливерпул, Порто, Милан.
Група Ц: Спортинг Лисабон, Борусија Дортмунд, Ајакс, Бешикташ.
Група Д: Интер, Реал Мадрид, Шахтар, Шериф.
Група Е: Баерн, Барселона, Бенфика, Динамо Киев.
Група Ф: Вилјареал, Манчестер јунајтед, Аталанта, Јанг бојс.
Група Г: Лил, Севилја, Салцбург, Волфсбург.
Група Х: Челзи, Јувентус, Зенит, Малме.
Финалето ќе се игра на 28 мај идната година во Санкт Петербург.