35.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Сите имаат желба да играат со Дезире, денеска ќе му се посреќи на Солсбери за гренслем-финале

3546 Марду – Парну (Естонија, Втора лига, 17 часот)

Марду има убава шанса по вторпат во 24-годишната историја да игра во Првата лига, откако запиша историја во 2019 година со прв настап во најсилната естонска лига.

Моментно е прв на табелата во популарната Есилига, што е втора по ранг во Естонија, но потоа ќе има и плејоф, а Марду е сигурен учесник во разигрувањето, иако има уште 8 кола од регурларниот дел. Моментносе лидер на табелата со 47 бода, дури 27 повеќе од денешниот ривал, кој е седми на табелата, место што е само едно скалило под потребното за настап во плејофот.

Парну е во криза и нема победа на пет меча по ред во Втората лига, а интересно е тоа што има одиграно еднаков број мечеви и против Марду и има лош ефект од пет порази со гол-разлика од 17:3.

Марду е машина за голови во Втората естонска лига и е најефикасен тим со 62 гола на 19 меча, па ќе типуваме дека и денеска ќе победи и ќе ја наполни мрежата на ривалот.

Предлог тип: 1&5+ (2.20)

 

7003 Џонсон/Квери – Рам/Сoлсбeри (Отворено првенство на САД, машки двојки, 18 часот)

Ова ќе биде интересно машко полуфинале во дубл на Отвореното првенство на САД, а од четворицата тенисери, тројца се Американци. Само Сoлсбeри е Англичанец и тој е најдоброрангираниот тенисер од покерот што ќе игра денеска, на четвртото место.

Неговиот партнер во двојки, Реџев Рам, има најмногу гренслем-титули, вкупно три, од кои две се во мешни двојки и едната е токму со Сoлсбeри од ланското издание на Отворено првенство на Австралија.

Џонсон и Квери имаа солидни кариери во сингл, а тоа особено важи за Квери, кој има 10 АТП-титули и највисок ранкинг на 11-тото место.

Рам и Сoлсбeри се фаворити и ќе типуваме дека ќе играат во уште едно гренслем-финале.

Предлог тип: 2 (1.50)

 

7168 Пирс/Полашек – Мареј/Соареш (Отворено првенство на САД, машки двојки, 18 часот)

Бразилецот Бруно Соареш ја брани титулата во машки двојки во Њујорк, но лани ја освои со Хрватот Мате Павиќ. Интересно е што Соареш има титула на Отворено првенство на САД во машки двојки и со сегашниот партнер Џејми Мареј од 2016 година.

Таа година беше за паметење за двајцата тенисери бидејќи беа најдобри и во Мелбурн на Отворено првенство на Австралија. Соареш таа година и буквално растури на гренслемовите, откако со Елена Веснина победи во Мелбурн и во мешани парови. Има вкупно 6 пехари од четирите најценети светски тениски турнири во микс и во машки двојки заедно, но Мареј е поуспешен од него за една титула.

Постариот брат на Енди Мареј има две гренслем-титули во машки двојки и дури пет во микс. Полашек и Пирс имаат по една во машки парови, но не заедно.

Ова им е прва шанса за финале и за меч за заедничка титула, но противниците се поискусни и многу потрофејни, па ќе типуваме двојка.

Предлог тип: 2 (1.70)

 

7046 Пегула/Краичек – Кравчук/Солсбери (Отворено првенство на САД, мешани двојки, 18 часот)

Дезире Кравчук има шанса за хет-трик во иста година на гренслем-турнирите во мешани двојки, откако го крена пехарот на Ролан Гарос и на Вимблдон.

Интересно и е името, Дезире значи желба, а и сите имаат желба да играат со неа бидејќи во 2021 година е магнет за гренслем-трофеи. И приказната е интересна бидејќи годинава во Париз славеше титула токму со Џо Солсбери, кој и денеска ѝ е партнер во полуфиналето, а потоа го победи во Лондон на Вимблдон.

Тогаш Кравчук играше со Нил Скупски и во финалето ги победија Солсбери и Хериет Дарт со 2:0 во сетови.

Пегула и Краичек досега немаат ни приближно такви успеси и се аутсајдери против трофејното американско-британско дуо, иако Солсбери може да биде и уморен бидејќи денеска треба да игра и меч во машки двојки.

Предлог тип: 2 (1.60)

 

6706 Аргентина – Боливија (Квалификации за СП, 01.30 часот)

Аргентинците треба да покажат дека го прегрмеа шокот што им се случи во Сао Пауло, кога мечот со Бразил беше прекинат во петтата минута, со една од најбаналните причини во историјата на фудбалот. Претставници на Агенцијата за јавно здравје на Бразил влетаа на теренот и бараа да се депортираат од земјата четворицата репрезентативци на гостите што играат во Англија.

Аргентинците се повлекоа од терен, но и потоа безбедно стигнаа во Буенос Аирес и интересно се поделија. Двајцата играчи на Астон вила, голманот Мартинес и Буендија заминаа на одмор, а Ло Селсо и Ромеро од Тотенхем останаа во кампот на репрезентацијата и ноќеска ќе бидат во конкуренција за настап.

Аргентина е во топ-форма и серијата без пораз трае од Копа Америка, каде што летово и го освоија пехарот. Меси е подготвен за игра, а домаќините имаат и невидена традиција против Боливија.

Двете селекции го играа првиот меѓусебен меч во 1926 година, Аргентина победи со 5:0 и оттогаш до денеска никогаш не загубиле од Боливијците на свој терен.

Гаучосите се и многу поквалитетен состав од ривалот и нема да имаат проблеми да постигнат барем по еден гол во двете полувремиња и да победат.

Предлог тип: 1&1+I&1+II (1.40)

 

 

- Оглас -

Најнови вести