„Црвен аларм“ се вклучи за Атлетик, потребна е победа

Атлетик Билбао – Жирона (21 ч.)

Ситуацијата за Атлетик Билбао е алармантна. Клубот кој може да се пофали дека е единствен во друштво на Барселона и Реал Мадрид што никогаш не испаднале од Примера дивисион, сега е во опасната зона. Баскијците секогаш знаеле кога е најтешко, на свој терен да направат атмосфера на која ќе потклекне ривалот.

Жирона не е противник од кого Атлетик не треба да се плаши, но факт е дека гостите играат одлично и веќе осум меча се без пораз. За Атлетик сезонава како да е баук да се стигне до победата, па во 14 средби имаат само една радост.

Домаќините имаат проблеми со составот, па вечерва ќе бидат без суспендираните Јури Берчиче, Иниго Мартинес, Перу Ноласкоаин, а ќе недостасува и повредениот Микел Рико. И гостите имаат прблеми со повредени играчи. Фактот дека Атлетик ќе ги брка трите бода, ќе даде простор за игра и на противникот, па се очекува да има и погодоци.

Предлог тип: 1Х&2-4 (2.10)

 

Евертон – Ватфорд (21 ч.)

На четири од последните пет меѓусебни дуели одиграни на „Гудисон парк“, домаќините се радувале на триумф. Евертон се обидува да држи чекор со горниот дел од табелата, а за да остане во тој ритам, потребни му се три бода од денешниот меч.

Ватфорд добро го почна првенството, но сега е во криза. На последните пет меча во шампионатот, од можни 15 поени, освои само еден, но и понатаму е сигурен на средината од табелата. Евертон дома игра сигурно и од осум средби има пет победи, две ремија и само еден пораз, но Ватфорд сигурно ќе се обиде да ги прекине лошите резултати, па ќе нападне да даде гол.

Предлог тип: 1Х&ГГ (2.35)

 

Нордсјиланд – Архус (19 ч.)

По 18 одигран меча во данското првенство, овие два ривали имаат освоено по 21 бод и се еден до друг на табелата. Нордсјиланд важи за тим кој игра отворено без многу калкулации, па токму затоа на последните 10 средби во првенството тие даваат, но и примаат барем по еден гол, што значи дека е ГГ (гол-гол).

Архус во октомври и ноември немаше ниту една победа, но славеше во првиот меч од декември. И гостите знаат како да дадат гол, па затоа се очекува отворен фудбал и игра која нуди погодоци.

Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (1.95)

 

Бохум – Сент Паули (20:30 ч.)

Бохум веќе и заборавил кога последен пат се радувал на меч против овој ривал. На последните девет меѓусебни средби Сент Паули има пет победи и четири нерешени. Бохум последната победа ја има во февруари 2014 година. Двете екипи се борат за место кое би донело пласман во Бундеслигата.

Сент Паули има 25 бода досега, еден повеќе од Бохум, кој веќе седум средби не знае за пораз во втората германска лига. Кога игра дома, Бохум сезонава го има вториот најдобар биланс, додека Сент Паули може да се пофали дека е одличен гостин само со два порази во осум средби. На пет од последните седум меѓусебни дуели имало меѓу два и три погодоци.

Предлог тип: 2-3 (1.95)

 

Касимпаша – Кајсериспор (18 ч.)

Екипата на Касимпаша игра историска сезона во Турција. Изминува речиси првата половина од сезоната, а Касимпаша е во борба за лидерското место. Кајсериспор е како ривал по мерка, бидејќи гостите се во криза и ги загубија последните четири средби. Токму поради тоа, Кајсериспор се најде во зоната за испаѓање, односно е на претпоследната 17-та позиција само со 12 бодови од 14 дуели.

Победата на домаќините очигледно дека не е дилема, а фактот дека Касимпаша е убедливо најефикасната екипа со 31 гол досега, овој дуел ветува погодоци.

Предлог тип:  1-1&3+ (3.20)

 

- Оглас -

Најнови вести