Домингос Дуарте постигна гол само по 85 секунди за Гранада на гостувањето кај Барселона и го потпиша отказот за Роналд Куман, кој ќе биде неважечки само ако гигантот направи пресврт во второто полувреме.
По првиот дел со погодокот на стоперот на гостите во втората минута Барселона губи со 0:1. Куман доби ултиматум од раководството на шпанскиот гигант да победи на дуелите со Гранада, Кадис и Леванте ако сака да остане на клупата на повеќекратниот првак.
Интересно е што Гранада победи на последното гостување кај Барселона во март годинава со 2:1, а тогаш гостите направија пресврт откако Меси им донесе предност во првото полувреме од 1:0.
Тогаш Мачис и Молина со голови во второто полувреме приредија првокласна сензација, а Куман беше исклучен во финишот на мечот.