Играчот на Јувентус е подготвен да се врати на теренот (Видео)

Артур Мело, фудбалерот на Јувентус, се пофали дека успешно ја помина операцијата на ногата и рехабилитацијата, па сега е подготвен повторно да се врати на теренот. Бразилецот патеше од калцификација, односно едема меѓу тибијата и фибулата.

Од декември минатата година се обидуваше да ја санира повредата, но откако конзервативните методи не дадоа резултат, Мело мораше да оди на операција. Закрепнувањето траеше два месеца, а Мело направи видео кое трае една минута во кое на кратко се гледа процесот од пред операцијата, како изгледаше неговата нога по операцијата и фактот дека сега е подготвен да игра.

https://twitter.com/i/status/1442952511279665156

 

- Оглас -

Најнови вести