Грчкиот фудбалер го бараа со денови, го пројандоа мртов во кола

По неколкудневна полициска потрага, поранешниот младински репрезентативец на Грција, Никос Цуманис, е пронајден мртов. Цуманис беше член на тимот на Македоникос откако летово потпиша договор со овој клуб.

Несреќниот фудбалер бил пронајден мртов во неговиот автомобил на паркинг во Каламарија, блиску до Солун. Првичните информации се дека смртта настанала со гушење, а посебно сомнително за полицијата е тоа што Цуманис бил со врзани раце.

Никос, кој имаше 31 година, точно пред една деценија беше дел од младинската репрезентација на Грција и еден од најголемите таленти. Најдолго играше во тимот на Арис, а настапуваше и за екипите на Аполон, Ксанти, Пантракикос, Верија и Крф.

 

- Оглас -

Најнови вести