Ерменија ќе загуби од Исланд, а тоа е шанса за Македонија

6790 Чешка – Велс (20:45 ч.)

Ова се двете селекции кои се борат за второто место во групата затоа што првото е резервирано за Белгија. И Чешка и Велс имаат по седум бодови, а Велс на свој терен славеше против денешниот ривал со 1:0, што значи дека и со бод ќе биде втор на табелата.

Двете екипи играат цврсто и не дозволуваат многу шанси за погодоци, а најважно им е да ја сочуваат својата мрежа.

Предлог тип: 1Х&0-2 (1.89)

 

6797 Русија – Словачка (20:45 ч.)

Русите се во борба со Хрватска за првото место, додека Словаците чекаат од „сенка“ да изненадат и да се борат за втората позиција. Дека знаат да бидат опасни, Словаците покажаа на мечот одигран во март, кога дома победија со 2:1.

Интересно е дека во досегашните осум меѓусебни меча, Словачка има три победи, а Русија само две, додека три меча завршиле нерешено. Шест од овие осум меча биле со 0-2 гола, а само двапати едвај имало три погодоци.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.12)

 

6730 Исланд – Ерменија (20:45 ч.)

Исланд е без шанси за пласман на Мундијалот, но тоа не значи дека домаќините нема чесно да се борат против Ерменија. Иако е на второто место во групата, Ерменија на последните пет меча има два порази и три нерешени.

Тешко дека ќе се подобри ситуацијата кај Ерменците, кои на претходните две гостувања кај Исланд губеле со идентични 2:0. Исланд загуби дома од Романија и Германија, но со Македонија покажа дека може да стигне и негатива од два гола.

Предлог тип: 1 (2.22)

 

6792 Германија – Романија (20:45 ч.)

Германците најавија дека сакаат во октомврискиот циклус да ги завршат сите дилеми околу пласманот на СП. Тоа значи дека ќе тргнат на победа против Романија, која ја победија и во Букурешт со 1:0. Тоа што е интересно е дека на четири од петте меѓусебни меча се случувало двете селекции да дадат гол.

Реално, Германија треба лесно да победи, и тоа со погодоци во двете полувремиња. Панцерите во досегашните шест гола дадоа дури 17 погодоци, а примија само два (тие во поразот од Македонија).

Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (1.81)

 

6051 Кипар – Хрватска (20: 45 ч.)

Кипар има пет порази во низа и во сите пет не успеа да даде ниту еден гол. Тоа е само потврда дека оваа селекција е далеку од пласман на Мундијалот, што секако не може да се каже за Хрватска.

Коцкестите дома едвај со 1:0 го победија Кипар, што е аларм дека ни вечерва нема да биде лесно. Сепак, фактот дека Хрватска има многу квалитетни играчи, посебно во офанзивата, е најава за „двојка“.

Предлог тип: 2 &0-3 (1.83)

 

- Оглас -

Најнови вести