Грузија го смени стадионот по поразите од Македонија и Шпанија, неуспесите им останаа

6802 Финска – Украина (Квалификации за СП, 18 часот)

Финците имаат шанса со победа да си направат двоен ќар и да ја престигнат Украина на второто место на табелета во Д групата и да имаат предност во меѓусебните дуели, ако евентуално гол-разликата им биде иста на крајот.

Во март двете селекции одиграа нерешено 1:1 во Киев што им дава предност на Финците, но проблем за нив е што никогаш не ја победиле Украина.

Гостите играат лудни квалификации за СП и играат само нерешено. Украина собра пет бода по пет кола и на сите мечеви ремизираше.

Двете селекции имаат ист број на бодови, но Украинците од пет меча, Финците со натпревар помалку. Кандидат за второто место е и селекцијата на БиХ, па во Хелсинки и Финска и Украина мораат да внимаваат. Пораз ќе значи оддалечување од Мундијалот во Катар и очекуваме тврд меч со малку голови, во кој фаворит е Украина.

Предлог тип: Х2&0-3 (1.62)

 

6803 Грузија – Грција (Квалификации за СП, 18 часот)

Грција нема пораз на четири квалификациски натпревари, а сосема спротивно Грузијците не победија нокого во петте кола во Б групата за настап на Мундијалот во Катар.

Кај домаќините имаше интересен пресврт и по поразот во ноември од Македонија во финалето на Д сегментот од Лигата на Нации што одлучуваше која селекција за првпат ќе игра на ЕП и веднаш потоа по неуспехот со Шпанија во овие квалификации се пресели од Тбилиси во Батуми.

Таму Грузијците ќе и бидат домаќини на Грција, но и промената на стадионот не им донесе никаков ефект, па моментно се последни во групата со само еден бод.

Домаќините играат само за престиж, за разлика од нашите јужни соседи кои со победа ќе си ги зголемат шансите за настап на Светското првенство идната година.

Досега на 7 меѓусебни дуели Грција има пет победи и две нерешени со Грузија, па се очекува нов успех на фаворитот.

Предлог тип: 2 (2.35)

 

6805 Шведска – Косово (Квалификации за СП, 18 часот)

Шведска лесно го победи Косово во март годинава, а резултатот од 3:0 можеше да биде и повисок според статистиката. Гостите тогаш упатија дури 10 удари во рамките на голот на Ујкани, а Косово не упати ниту еден шут кон голот на Швеѓаните.

Шведска може да биде и прва во Б групата, бидејќи има 9 бода, но и два меча помалку од лидерот Шпанија со 13 бода.

Косово има само теоретски шанси за второто место во групата и ако сака да ги задржи че мора да оди на победа. Сепак Шведска е поквалитена репрезентација, играше сосема солидно на Европското првенство и го задржа трендот на добри игри и резултати, па ќе типуваме дека пак ќе го победи Косово, со сличен резултат како во Приштина.

Предлог тип: 1&3+ (2.08)

 

6810 Швајцарија – Северна Ирска (Квалификации за СП, 20.45 часот)

Многу малку голови имаше во минатото кога меѓусебе играа Швајцарија и Северна Ирска и досега на пет од шестте дуели беше од 0-1 гол.

Еднаш победи Швајцарија со 2:1, а тој меч се играше пред 57 години во квалификациите за СП. Време е за нов меч со повеќе од 0-1 гол, бидејќи и двете селекции не можат да калкулираат.

На Швајцарија и е потребна победа за да ја елиминира Северна ирска од трката за настап на Мундијалот и да ја продолжи битката со Италија за првото место во Ц групата што директно води во Катар.

Швајцарија има 8 бода од 4 натпревари, а Италија има шест повеќе, но од шест натпревари. Ирците имаат пет бода и за нив пораз денеска во Женева ќе значи простување од сонот за настап на ново Светско првенство.

Швајцарија одигра одлично Европско првенство, каде загуби во четвртфиналето од Шпанија на пенали, откако ги елиминира Французите на ист начин во претходната фаза. И сега се во добра позиција и имаат многу поквалитетен тим од гостите, па победа со најмалку два гола во мрежата на Северна Ирска е реален исход.

Предлог тип: 1&T1 2+ (1.68)

 

6806 Унгарија – Албанија (Квалификации за СП, 20.45 часот)

Ќе има многу надмудрување во Будимпешта во меч што е исклучително значаен и за Унгарија и за Албанија. Ситуацијата во битката за првите две места е замрсена, иако Англија е топ-фаворит за директен пласман на СП.

Англичаните имаат 16 бода, а зад нив се Албанија со 12, Полска со 11 и Унгарија со 10 на четири кола до крајот на квалификациите.

Сега секоја победа вреди дупло, па и двете селекции ќе играат попретпазливо. Албанија ја победи Унгарија со 1:0 во првиот меч, ќе се обиде да стаса до хет-трик во победи, но има и лош биланс со домаќините.

Унгарија на домашен терен двапати ја победуваше Албанија, еднаш тоа го стори и на гости, а Албанците ја имаат само победата од март годинава.

Ова ќе биде неизбвесен меч и ќе типуваме дека Унгарија нема да загуби, а патем ќе има најмногу три гола на „Пушкаш“ арена во Будимпешта.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.49)

 

 

- Оглас -

Најнови вести