Парагвај и Еквадор немаат шанси за триумф на гостувања каде што не победиле од минатиот век

8005 Зенит – Баерн (Евролига, 19 часот)

Баерн се пресели од Казањ во Санкт Петербург и повторно во рок од три дена ќе игра против руска екипа. Баварците беа поразени од Уникс во вторникот со 73:70 и ќе се обидат да избегнат нов пораз.

Тие стартуваа лошо со три порази по ред, а и сега се аутсајдери. Иако Баерн во минатото често го победуваше Зенит и имаше позитивен биланс од шест победи и два порази, сега малку се сменети работите.

Зенит направи одличен тим и има аспирации да биде во горниот дом на најквалитетната клупска лига во кошарка во Европа.

Рускиот тим се засили квалитетно и е фаворит против Баерн, па тука се очекува сигурна единица.

Предлог тип: 1 (1.39)

 

8464 Алба Берлин – Басконија (Евролига, 20 часот)

И двете екипи почнаа скромно во новата сезона во Евролигата и по два порази во третото коло, конечно ги запишаа првите победи.

Алба се врати во живот со убедливата победа против Фенербахче со 84:70, па сега очекуваат и втор триумф по ред на домашен терен.

Германскиот тим има убав биланс против Басконија во Берлин и досега на четири меча трипати ги победуваше Шпанците.

Басконија во драматичен меч го победи Панатинаикос со 81:79, но не игра на нивото што од нив се очекува. Се чини дека имаат и послаб тим од претходните сезони, па Алба има убава шанса за нов триумф во Евролигата.

Предлог тип: 1 (2.06)

 

8465 Асвел Лион – Макаби Тел Авив (Евролига, 20 часот)

Лион игра како во транс на стартот од новата сезона во Евролигата и нанижа три победи. Последниот триумф против актуелниот европски првак Анадолу Ефес ќе им даде крилја на Французите во походот по уште еден успех, овојпат против гигантот Макаби.

Израелците имаат исклучително богата историја и се гигант со шест европски круни, само зад Реал Мадрид и ЦСКА Москва, но не играат добро на стартот од сезоната. Едвај го победија Баерн на домашен терен, а потоа загубија од Црвена ѕвезда и од Милано со двоцифрена разлика.

Добар избор за овој меч, според нас, е да се одигра на минус од 152.5 поени, но се чини дека посигурна варијанта во моментов е да се типува на победа на домашниот тим.

Предлог тип: 1 (1.73)

 

6049 Боливија – Парагвај (Квалификации за СП, 22 часот)

Ла Паз е веројатно едно од најтешките гостувања во Јужна Америка и на Андите и на надморска височина од 3.600 метри губеле и посилни репрезентации од Парагвај.

Разредениот воздух е огромен проблем за сите гостински селекции, па дури се носи и специјална опрема како подготовка за највиското место каде што се игра фудбал во квалификациите за Мундијалот во Катар.

Парагвај нема победа на гостување кај Боливија од 1973 година, или скоро половина век, а како што стојат работите, и сега е аутсајдер.

Боливијците знаат како да ја искористат предноста, тие се навикнати да играат на 3.600 метри и типуваме дека нема да загубат и дека ќе има повеќе голови во второто полувреме.

Предлог тип: 1Х2>1 (2.60)

 

6715 Колумбија – Еквадор (Квалификации за СП, 23 часот)

Ова е исклучително важен меч во битката за пласман меѓу четирите најдобри јужноамерикански репрезентации што директно ќе се пласираат на Светското првенство во Катар.

Еквадор е на третото место со 16 бода, еден повеќе од Колмубија, која е петта. Домаќините имаат шанса со победа да бидат трети, особено ако се знае дека Уругвај, кој е пред нив, исто така со 16 бода му гостува на Бразил.

Еквадор ако триумфира на овој меч, ќе биде на половина пат кон Катар, но прашање е како да се стори подвиг, кога против Колумбија на гости не победиле од 1965 година.

Колумбијците се селекцијата со најмногу нерешени досега во јужномаериканските квалификации и од 11 натпревари, на шест ремизираа.

Сосема спротивно, Еквадор со лидерот Бразил и фенерџијата Венецуела имаат најмалку нерешени, само по еднаш.

Ова ќе биде тежок меч, на гостите им одговара и реми. Ќе типуваме дека Колумбија ќе го реши мечот со гол(ови) во второто полувреме.

Предлог тип: Х-1 (4.20)

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести