24.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Барселона, Челзи и Баерн нема да утнат, треба уште голови во Берн и Манчестер за добитен тикет

6009 Барселона – Динамо Киев (Лига на шампиони, 18.45 часот)

Барселона успеа барем малку да се консолидира со победата против Валенсија, но стои многу лошо во Е групата во Лигата на шампионите. Нулата по две кола ги пече Каталонците, а особено поразително е што не постигнаа ниту еден гол, со гол-разлика од 0:6.

Вечерва нема веќе избор освен победа ако петкратниот европски првак сака да игра во нокаут-фазата во ЛШ.

Динамо Киев е во слична ситуација, без бодови со гол-разлика од 0:5, а гостувањата на „Камп ноу“ секогаш се тешки за екипите од Истокот на Европа.

Барселона има перспектива со млади и големи таленти од калибарот на Фати, Педри, Гави…, а има и четири победи по ред против Динамо Киев во Лигата на шампионите, па се очекува и петка.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.35)

 

6014 Челзи – Малме (Лига на шампиони, 21 часот)

Челзи е многу посилен од Малме и речиси и да нема дилеми дека ќе го победи Малме, ривал против кого има 2:0 во меѓусебните дуели во еврокуповите.

Актуелниот европски првак има моќен тим, што повторно е меѓу најсериозните кандидати за триумф во Лигата на шампионите. Се очекува да покажат дека слабата игра против Јувентус само со еден упатен директен удар кон голот на Старата дама и со пораз од 1:0 бил само лош ден.

Малме по две кола е меѓу најслабите екипи, без ниту еден бод и со гол-разлика од 0:7, па ќе доживее и трет пораз по ред.

Предлог тип: 1&1+I&1+II (1.53)

 

6013 Јанг бојс – Вилјареал (Лига на шампиони, 21 часот)

Јанг бојс е многу интересна екипа и многу тврд орев, особено на својот стадион во Берн. Го победија гигантот Манчестер јунајтед, а потоа загубија од фаворитот Аталанта во Бергамо.

Групата Ф е многу незгодна и ќе биде интересно во битката за првите две места, што ја покажува и позицијата на последното место на Вилјареал, екипа која е актуелен шампион во Лигата на Европа.

Жолтата подморница е во лоша форма, иако е фаворит против Младите момци од Берн. Шпанците особено ќе мора да внимаваат на контранападите на домаќините, кои имаат брзи напаѓачи и брза трансформација од одбрана во напад.

Ова е прв меѓусебен дуел на двете екипи во еврокуповите и очекуваме меч без калкулации и голови во двете мрежи.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.02)

 

6015 Манчестер јунајтед – Аталанта (Лига на шампиони, 21 часот)

Аталанта е во подобра форма од Манчестер јунајтед само со еден пораз на последните 7 меча. Популарната Ла Деа неколку сезони по ред е хит и во Италија, но и во Европа и игра убав фудбал, што собра многу симпатии од неутралните фудбалски вљубеници.

Таа е и единствената екипа од четирите во Ф групата што нема пораз по првите две кола и иако можеби ѝ одговара реми на култниот „Олд Трафорд“, не смее да калкулира.

Попрецизно, Аталанта и не знае да калкулира, секогаш оди на победа, а бодовите му се неопходни и на Манчестер јунајтед за да го анулира неочекуваниот пораз од првото коло од Јанг бојс.

И двете екипи имаат офанзивен потенцијал за меч со многу голови, па ќе типуваме дека ќе има ГГ&3+.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.83)

 

6016 Бенфика – Баерн Минхен (Лига на шампиони, 21 часот)

Интересен дуел ќе има на „Луж“ меѓу два гиганти и поранешни европски прваци, кои немаат пораз, но и примен гол по две кола во Е групата.

Баерн е трет на вечната листа со шест европски круни и еден од најмоќните фудбалски строеви во моментов. Ја разби Барселона со 3:0 во првото коло, а потоа уште поубедливо со 5:0 го декласира и Динамо Киев.

Во моментов тешко е да се игра со германската фудбалска машинерија, која гази сè пред себе, иако и Бенфика има огромен рејтинг во светот на фудбалот и сосема солиден тим.

Популарните Орли се двојни поранешни европски прваци и на „Луж“ гостувањата секогаш се незгодни и тешко се победува, но Баерн е премногу силен во моментов и за подобри екипи и ќе победи.

Предлог тип: 2 (1.45)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести