8405 Тобијас Херис (Филаделфија 76 – Детроит пистонс, НБА, 01 часот)
Херис ќе биде во деликатна позиција ноќеска и тој во отсуство на двете ѕвезди, Ембид и Сиумонс, ќе треба да ја преземе палката и да ги води 76-ките до нова победа во новата сезона.
Симонс сигурно нема да игра бидејќи е суспендиран, а настапот на Ембид е неизвесен, па Херис ќе мора да биде првата виолина на домаќините.
Тобијас има неколкупати постигнувано над 21 поен како играч на Филаделфија против Детроит, па може и ноќеска да ја мине границата што е поставена за него во Sport Life.
Предлог тип: >21.5 поен (1.87)
8399 Атланта хоукс – Вашингтон визардс (НБА, 01 часот)
Атланта има серија од три победи против Вашингтон и ноќеска е фаворит, но овде е подобро да се одигра на плус поени. Дуелите на овие две екипи како по правило се исклучително ефикасни, па има многу повеќе кошеви од понудената граница од 222.5 поени што е поставена за овој меч.
И двете екипи имаат одлични шутери, што ги предводат Тре Јанг кај Атланта и Бредли Бил кај гостите од Вашингтон. Јанг и сезонава игра одлично, а изненадувачки, Бил, кој е еден од најдобрите кошгетери во НБА почна скромно.
Имаа неколку исклучително добри дуели со многу поени и за двајцата, а особено се памети нивното шоу од јануари лани, кога Јанг постигна 45 поени, а Бил 40 на меч дури со 285 поени, што го добија Хоукс со 152:133.
Предлог тип: >222.5 поени (1.94)
8401 Чикаго булс – Њујорк никс (НБА, 02 часот)
Конечно, по долг период Чикаго и Њујорк имаат позитивни серии и се крена и тензијата меѓу двата големи ривали од Источната конференција.
Биковите со ефект од 4 победи и без пораз имаат старт од џордановската ера, односно за првпат се со 4-0 од 1997 година. И Њујорк почна одлично со биланс од 3-1 и ова ќе биде вистинско дерби на ноќната програма во НБА-лигата.
И двете екипи имаат добри дефанзивци и голем потенцијал да играат цврста кошарка, што во НБА-лигата особено сега може да биде голема предност.
Амбициите и на двете екипи се големи, Њујорк и Чикаго долго чекаат НБА-пехар, па иако не се во стартниот ред на листата со фаворити, можат да бидат многу незгодни.
Последните три меѓусебни дуели им беа под границата од 215 поени, па наш избор е дека повторно ќе има минус на дербито на Истокот.
Предлог тип: <214.5 поени (1.93)
1611 Тампа беј лајтнинг – Аризона којотс (НХЛ, 01 часот)
Тампа беј е една од најдобрите екипи во НХЛ-лигата во овиј милениум со три пехари и плус уште едно финале. Којотите од Аризона немаат триумф во популарниот Стенли куп, ниту финале, а како што играат на почетокот на сезоната, тоа е недостижен потфат.
Аризона има шест порази на шест меча и е пред седмиот неуспех, што ги фрли на последното место. Гостите имаат доста отсутни и повредени хокеари, најмалку постигнати голови во Централната Дивизија, само 11, па некако логично е дека ќе загубат од актуелниот шампион.
И Тампа беј не игра на препознатливо ниво, иако шампионите Стамкос, Поинт, Палат, Хедман, Сергачјов, Василевски… се тука и повторно се носители на играта на првакот во НХЛ-лигата.
Во моментов Лајтнинг се пресилни за Аризона и единицата е одличен избор.
Предлог тип: 1 (1.60) Супер тип на Sport Life
8330 Питсбург пингвинс – Калгари флејмс (НХЛ, 01 часот)
Калгари е во топ-форма со четири победи по ред, а може да ја продолжи серијата против силен тим каков што има Питсбург, но во моментов со многу проблеми.
Кај домаќините нема да игра познатото дуо Малкин-Крозби, кои се повредени, но и феноменалниот Летанг, потоа и Картер и Раст, што е голем хендикеп за Пингвините.
Калгари стартуваше одлично, има 4 победи и два порази, а ќе имаат и екстра мотиви за да се реваншираат за дебаклот од 1:9 пред три години.
Гостите се фаворити, иако тоа не го покажуваат коефициентите, но најдобро е да се одигра на голови, а типуваме дека ќе ги има многу во „Пеинтс арената“ во Питсбург.
Предлог тип: >5.5 гола (1.90)