1801 Хофенхајм – Херта (20:30 ч.)
Дуел на две екипи кои се во средината на табелата во Бундеслигата. Херта заедно со Борусија Дортмунд се единствените две екипи кои немаат нерешено во досегашниот дел од сезоната.
Хофенхајм важи за „домашна“ екипа и на свој терен освојува голем дел од поените во сезоната. Традицијата вели дека Хофенхајм најчесто освојува бодови во дуелите со Херта, па од последните 11 меѓусебни средби, има седум победи, три нерешени и само еден пораз. Во овој период само еднаш одиграле дуел на кој немало барем два погодоци, што значи дека треба да има возбудувања.
Предлог тип: 1Х&3+ (1.99)
1655 Остенде – Мехелен (20:45 ч.)
Мехелен е тим кој е во одлична форма и во последните 10 меча загуби само еднаш, а има дури седум победи. Таквата игра го однесе тимот во горниот дел од табелата, иако ова не е екипа која реално може да претендира за висок пласман. Отворена игра со многу голови е тактиката на Мехелен, па не случајно по 12 меча, има гол-разлика од 21 даден и исто толку примени гола (просек 3,5 погодоци на меч).
И Остенде има слаба одбрана, а ако се види дека последните два меча против Мехелен завршиле (2:2 и 5:3), реално треба да очекуваме погодоци на двете страни.
Предлог тип: ГГ3+ (1.79)
1011 КПР – Нотингам (20:45 ч.)
Нoтингам форест не е омилениот ривал на Квинс парк ренџерс затоа што во последните 10 меѓусебни дуели КПР има претрпено пет порази, а се радувал само трипати. Тоа што е специфично за двете екипи е дека играат без многу калкулации, па ретко може да биде нерешено.
Домашниот терен сезонава е адут на КПР и во седум меча има четири победи, две нерешени и само еден пораз, па сигурно и сега ќе се обидат да ги освојат трите бода.
Предлог тип: 1 (2.04)
1811 Дармштад – Нирнберг (18:30 ч.)
Дармштад ќе има голем предизвик против Нирнберг затоа што тоа е единствената екипа без пораз во Цвајте Бундеслига. Двата клуба добро се познаваат и во последните четири години одиграа шест меча, на коишто имаше погодоци во двете мрежи (просек на голови е 4,3 по меч).
И вечерва треба да биде возбудливо, со погодоци на двете страни и во двете полувремиња.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.84)
3201 Зенит – Динамо Москва (18 ч.)
Ова е дерби од 13-тото коло во руското првенство. Играчите на Зенит влегуваат полни со оптимизам, посебно по историската победа од 7:1 во претходното коло против Спартак Москва. Сега на гости им доаѓа уште еден тим од Москва, но тешко дека може повторно да очекуваме таква голеада.
Традицијата е на страната на домаќините затоа што Зенит победил на 10 од последните 13 средби со овој ривал, а тоа што е карактеристично е дека дури девет завршиле со играта НГ (еден од двата тима да не постигне погодок).
Предлог тип: 1&0-3 (1.76)