Вечерва очекувајте голови на мечевите низ Европа

Нирнберг – Волфсбург (20:30 ч.)

Домаќинот е само едно место над зоната за испаѓање и е во ситуација кога не смее да си дозволува киксови пред своите навивачи. Нирнберг ја има најслабата одбрана во Бундеслигата и сезонава во просек прима речиси по два и пол голови на меч (вкупно 33 примени голови).

Волфсбург игра одлично на гости и има три победи во шест средби и сигурно ќе ја има фаворитската улога на денешниот меч. Најчесто играат отворено и затоа по 14 меча, имаат примено и дадено по 20 погодоци.

Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (2.10) – Квота на денот во Sport Life

 

Партизан – Мачва (18 ч.)

Партизан е апсолутен фаворит и речиси нема дилема дека трите бода ќе останат за домаќините, а прашање е кој би бил резултатот на крајот. „Црно-белите“ ја имаат најдобрата одбрана во лигата, додека кај Мачва ситуацијата е сосема спротивна. Единствено „фенерџијата“ Динамо Врање има дадено помалку голови од Мачва.

На четирите последни меѓусебни дуели, Партизан даде вкупно 14 голови, односно повеќе од три погодоци на меч.

Предлог тип: Т1 1+I&Т1 3+ (1.95) – Квота на денот во Sport Life

 

Селта Виго – Леганес (21 ч.)

Домаќините немаат никакви проблеми ниту со повредени, ниту со суспендирани играчи, што не може да се каже и за гостите, кои ќе играат без неколку стандардни првотимци. Во досегашниот дел од сезоната Селта има биланс од по 5 победи, ремија и порази. Леганес има еден триумф помалку и е на 16-тото место на табелата.

Селта во 8 меча сезонава на свој терен има три победи, три ремија и само два порази и вкупна гол-разлика 15:10. Тоа едноставно „влече“ да се одигра тип на домаќините во комбинација со голови.

Предлог тип: 1Х&2-4 (2.10) – Квота на денот во Sport Life

 

Шарлроа – Гент (20:30 ч.)

Дуел на две речиси израмнети екипи според бројот на освоени поени досега во белгиското првенство. Шарлроа е само еден од двата тима во шампионатот што нема одиграно нерешено на домашен терен. Гент игра офанзивно и без многу калкулации, па затоа може да се пофали дека на гости освои 11 бодови во 8 средби.

Во последните пет меѓусебни дуели на овие екипи секогаш имало победник, но според формата и речиси израмнетиот квалитет, може да се очекува храбар „икс“.

Предлог тип: Х (3.30)

 

Камбур – Твенте (20 ч.)

Кога се работи за мечеви од холандското првенство, првата асоцијација е дека ќе има голови. Еден таков дуел вечерва треба да биде меѓу Камбур и Твенте. На осум од последните девет средби на Камбур било ГГ, додека кај Твенте на осум од последните девет меча било ГГ3+.

Отворена игра со многу погодоци се очекува и вечерва, а фаворитската улога ја има гостинот.

Предлог тип: ГГ3+ (1.66)

 

- Оглас -

Најнови вести