1001 Лестер – Челзи (Премиерлига, Англија, 13.30 часот)
Челзи е во одлична серија од 8 меча без пораз во сите натпреварувања што актуелниот европски првак ги игра сезонава.
На гостите денеска пак ќе им недостасува стрелецот Ромелу Лукаку, а нема да игра и Матео Ковачиќ и веројатно и Тимо Вернер.
Сините успеваат и без нив да победуваат, а и денеска се фаворити на гостувањето кај Лисиците.
И Лестер има проблеми со повреди на дел од важните играчи, а сигурно против Челзи нема да настапат Тилеманс, Фофана и Џастин и веројатно и Олбрајтон и Бертранд.
Челзи нанижа неколку меча со малку голови, истото му се случува и на Лестер,а и според традиција нема многу погодоци на нивните меѓусебни дуели.
Предлог тип: 0-2 гола (1.85)
3001 Аталанта – Специја (Серија А, Италија, 15 часот)
Аталанта има интересна серија од 8 меча на кои даваше, но и примаше барем по еден гол, а Специја е како погоден ривал за да продолжи низата.
Секако тимот од Бергамо е голем фаворит, па тука може да се искомбинира победа на домаќините со Гол-гол.
Единствениот меч што досега го играа меѓусебе во Бергамо, во март годинава заврши со победа на Аталанта од 3:1. Треба само да се додаде дека Специја ја има најслабата одбрана со 26 примени голови, заедно со двете последни екипи на табелата во Серија А, Калјари и Салернитана.
Предлог тип: 1&ГГ (2.45)
1006 Ватфорд – Манчестер јунајтед (Премиерлига, Англија, 16 часот)
Ватфорд и Манчестер јунајтед сезонава примаат многу голови и заедно се во Топ-5 со најслаби одбрани во Премиерлигата.
Ватфорд прими 19, а Црвените ѓаволи два помалку, што е лош ефект, особено за најтрофејната екипа во Англија, со 20 шампионки круни.
Денеска нема да играат Варан и Погба, веројатно и Мектоминеј и Кавани, но Јунајтед мора да ги освои бодовите, во спротивно Оле Гунар Солскјер може да доби отказ.
Ватфорд има интересен тим со добри напаѓачи. Кинг, Денис, Сар, Кучо…. можат да му дадат гол на фаворитот, кој има порозна одбрана што прима многу погодоци.
Предлог тип: ГГ (1.72)
1303 Севилја – Алавес (Ла Лига, Шпанија, 16,15 часот)
Севилја има многу важен меч за три дена во Лигата на шампионите против Волфсбург што мора да го добие за да остане во трка за нокаут фазатак, но екипата од Андалузија не смее да го потцени Алавес.
Баските се разиграа и нанижаа четири меча без пораз во Ла Лига, а во тој циклус успеаа да ремизираат со Барселона на „Камп Ноу“.
Севилја е во серија од пет меча без пораз во Ла Лига што ги донесе на прагот на лидерската позиција. Ако победат денеска ќе бидат први со 30 бода и тоа е голем предизвик за избраниците на Јулен Лопетеги.
Во мај годинава во меч од ланската сезона Папу Гомес со гол во 92. минута и донесе победа на Севилја против Алавес, па нема да биде изненадување, ако има реприза денеска на „Санчес Писхуан“.
Предлог тип: Х-1 (3.55)
3003 Фиорентина – Милан (Серија А, Италија, 20.45 часот)
Милан ужива на гостувањата на „Артемио Франки“ и е непоразен на последните пет гостувања во Фиренца.
Според квалитетот и формата веројатно серијата ќе продолжи, а и двете екипи ќе излезат на терен со многу проблеми и без неколку повредени фудбалери што се важни карики во двата состави.
Кај домаќините ќе ги нема стоперот Миленковиќ, Настасиќ само што почна да игра во новата сезона пак се повреди, а и Пулгар е во аут.
Кај Милан ќе ги нема Ребиќ, Калабрија, Кастилјехо, нема да брани Мањан што значи дека и гостите се хендикепирани.
Интересно е што Милан нема пораз во Серија А, заедно со Наполи а Фиорентина е единствената екипа без реми во досегашните 12 кола.
Предлог тип: Х2&2>1 (2.40)