Селекторот на нашата машка сениорска репрезентација, Драган Бајиќ, го скрати списокот на кошаркари на кои ќе смета за ноемврискиот ФИБА „прозорец“ од квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година, пренесуваат од КФСМ.
Селекторот Бајиќ се определи за список од 15. кошаркари, а првиот собир на нашиот сениорски национален тим е предвиден да биде вечерва, во хотелот „Double tree by Hilton“ во Скопје.
Мини подготовките стартуваа од утре, а првиот меч ќе го играме на 26 ноември и тоа против актуелниот светски првак Шпанија. Натпреварот ќе се игра во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, со почеток од 19.30 часот.
По дуелот со Црвената фурија, на 29. ноември следува и меч против репрезентацијата на Украина. Согласно со планот на подготовките, нашите најдобри кошаркари ќе работат во два дневни термини. Утринските тренинзи се предвидени од 10, а вечерните од 18.часот, во салата на СЦ „Јане Сандански“.
СПИСОК НА ИГРАЧИ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
Бојан Крстевски силно крило 206 1989 МЗТ Скопје Аеродром
Кристијан Николов бек 187 1996 МЗТ Скопје Аеродром
Дамјан Робев бек-шутер 193 1997 МЗТ Скопје Аеродром
Адем Мекиќ бек-крило 195 1995 МЗТ Скопје Аеродром
Дамјан Стојановски бек-шутер 198 1987 МЗТ Скопје Аеродром
Бобан Стајиќ бек 185 1993 Пелистер
Стојан Ѓуроски крило 202 1991 Пелистер
Љубомир Младеновски силно крило 207 1995 Пелистер
Виктор Ефремовски бек-шутер 194 1998 Гостивар
Андреј Маслинко крило 208 1997 ТФТ
Кирил Николовски силно крило 210 1988 Кожув
Лејсон Зекири крило 203 2001 Приштина-Косово
Андреј Магдевски бек 192 1996 АСУ Плоешти-Романија
Теодор Симиќ центар 216 2004 Барселона-Шпанија
Џејкоб Вајли силно крило 203 1994 Будуќност-Црна Гора
Селектор: Драган Бајиќ