Време е за вечното дерби во НБА, Лејкерси се фаворити против Бостон

8394 Монтреал канедиенс – Тампа беј лајтнинг (НХЛ, 01 часот)

Ова ќе биде интересен дуел меѓу најтрофејната екипа во НХЛ, Монтреал со 24 титули и биланс што во догледно време ниту еден ривал не може да го стигне и актуелниот првак Тампа беј.

Лајтнинг конечно почнаа да играат хокеј што им ги донесе двете последни титули во НХЛ лигата, па сега се надеваат и на хет-трик.

Токму сега имаат и серија од три победи по ред и се пробија на петтото место во Источната конференција со 34 бода, само 4 помалку од лидерот Вашингтон.

Монтреал е слаб годинава и е последен на табелата со само 15 бода на 26 меча и плејофот за нив е многу далеку.

Предлог тип: 2 (1.80)

 

1611 Торонто Мејплифс – Колумбус џекетс (НХЛ, 01 часот)

Торонто е втората најтрофејна екипа во НХЛ, со 13 шампионски круни и само зад вечниот ривал Монтреал, кој има дури 24 титули.

Мејплифс играат одлично во првата четвртина од сезоната и се на третото место во Источната конференција со 36 бода. Целта е да се атакува на 12-та титула и конечно пехарот во Стенли купот да стаса во Торонто по пауза од повеќе од половина век.

Колумбус е една од петте екипи што играат во НХЛ активно и немаат титула. Според квалитетот на екипата за нив ќе биде успех да се пласираат во плејофот.

Предлог тип: 1 (1.76) Супер тип на Sport Life

 

8486 Далас маверикс – Бруклин нетс (НБА, 01.30 часот)

Неизвесно е дали ноќеска Лука Дончиќ ќе го предводи тимот на Далас против еден од главните фаворити за титулата, Бруклин нетс.

Мрежичките играат одлично и без Кајри Ирвинг, кој не игра од стартот на сезоната, бидејќи не сака да се вакцинира.

Ноќеска на гостите ќе им недостасува и Џо Херис, кој е повреден, но тука е феноменалниот Кевин Дурант, кој одлично го предводи тимот заедно со останатите ѕвезди од калибарот на Харден, Олдрич, Грифин…

Двете екипи играат брза кошарка и ќе типуваме дека ќе има над 218 поени.

Предлог тип: >218,5 поени (1.97)

 

8487 Сан Антонио спарс – Њујорк никс (НБА, 02.30 часот)

Сан Антонио загуби од вицешампионот Феникс санс и ја прекина серијата од четири победи и ноќеска ќе се обиде да почне нова низа успеси против Њујорк никс.

Тимот од Големото јаболко влета во криза и има четири порази на последните 5 дуели.

Спарс имаат убава серија од 7 победи по ред на домашен терен против Њујорк и последен пат беа поразени во 2014 година.

Домашниот тим е во подобра форма и има поголеми шанси за победа од Никс.

Предлог тип: 1 (2.25)

 

8488 Лос Анџелес лејкерс – Бостон селтикс (НБА, 04 часот)

Вечното дерби на двете најтрофејни екипи во НБА лигата секога е исклучително привлечно.

И двете екипи имаат скромен старт во сезоната, а нешто подобар е Бостон со биланс 13-11 на шесттото место во Источната конференција, за разлика од Лејкерс кои имаат по 12 победи и порази и се на седмото место на Западот.

И двете екипи имаа многу проблеми со повреди на клучните играчи, па долг период Лејкерс играа без Леброн Џејмс, а Бостон без Џејлен Браун.

Браун повторно е неизвесен за настап, а кај домаќините ќе недостасува Кармело Ентони, но и без него се поблиску до победа во големото НБА дерби.

Предлог тип: 1 (1.76)

 

- Оглас -

Најнови вести