8358 Стефан Кари (НБА, Индијана пејсерс – Голден стејт вориорс, 01 часот)
Со Стефан Кари секогаш е ризично да се игра на минус поени, но сега токму таков ќе биде нашиот тип за ова издание на Полноќниот експрес.
Најдобриот тројкаш на сите времиња во НБА-лигата не ги одигра последните два натпревари против Индијана во својот препознатлив стил и постигна 20 и 24 поени и имаше лош ефект во ударот за тројки и вкупно погоди четири тројки дури од 19 обиди.
Индијана има солидни бекови што знаат да играат одбрана, па Брогдон и Леверт ќе се обидат да ја сопрат ударната игла на Голден стејт и моментно трет стрелец во НБА со просек од 27,1 поен.
Предлог тип: <27.5 поени (1.87)
8370 Тре Јанг (НБА, Атланта хоукс – Хјустон рокитс, 01.30 часот)
Тре Јанг е еден од најдобрите бекови во НБА-лигата и кога игра на ниво на квалитетот и талентот што го има, малку противници можат да му се спротивстават.
Интересно е што на последниот дуел со Хјустон во мај годинава постигна само 10 поени, но има и добра причина за толку слаб ефект.
Атланта го декласира Хјустон со 124:95, а Тре играше само 16 минути. Сега ситуацијата е малку поинаква, Ракетите почнаа да играат одлично и сигурно ќе му пружат посилен отпор на фаворитот.
Кај Атланта нема да играат Богдан Богдановиќ и Хантер, па Јанг ќе мора да има поголема минутажа и типуваме дека ќе ја искористи за да го наполни кошот на гостите.
Предлог тип: >26.5 поени (1.85)
8407 Бостон селтикс – Милвоки бакс (НБА, 01.30 часот)
Бостон и Милвоки си изградија убава традиција на мечеви на кои во последно време има многу кошеви.
На шест од последните 7 дуели на Келтите и Елените лесно беше пробиена границата од 220 поени, колку што сега се нуди во Sport Life за мечот што ќе се игра ноќеска.
Проблем за Бостон е што е неизвесен настапот на одличниот Џејлен Браун, но тој веројатно ќе игра, што е многу значајно за домаќините.
Тејтум и Браун се убиствено напаѓачко дуо кај Бостон, а многу офанзивни решенија има и шампионот предводен од Јанис Адетокумбо, Крис Мидлтон, Џру Холидеј… што ветува спектакл и нов ефикасен меч со над 220 поени.
Предлог тип: >220.5 поени (1.91)
8410 Мемфис гризлис – Филаделфија 76 (НБА, 02 часот)
И Мемфис и Филаделфија прават чуда без помош на по еден голем адут во двата состави.
Кај Мемфис се повреди главната ѕвезда Џа Морант и кога се очекуваше пад на Мечките, тие заиграа уште подобро и моментно со биланс 16-11 се на четвртото место во Западната конференција.
Филаделфија од стартот на сезоната постојано игра без втората ѕвезда во тимот, Бен Симонс, кој е суспендиран.
На 76-ките им беше повреден и лидерот на тимот, Џоел Ембид, но и тие играат одлично и покрај сите проблеми и со скор 15-12 се на шестото место во Источната конференција.
Овој меч е исклучително значаен за двете екипи, кои имаат цел да играат во плејофот, па ќе типуваме дека ќе одиграат тврд натпревар со помалку од 214 поени.
Предлог тип: <213.5 поени (1.61)
8422 Никола Јокиќ (НБА, Денвер нагетс – Вашингтон визардс, 03 часот)
Никола Јокиќ моментно е четвртиот најдобар стрелец во НБА-лигата со просек од 26,1 поени по натпревар, но фати залет и игра брилијантно.
Мечот со Вашингтон визардс му е убава шанса да си го поправи просекот на поени бидејќи гостите од главниот град немаат центар ни приближно со калибарот на Јокиќ кој би можел да го сопре Србинот.
Првата опција на центарската позиција кај Визардс, Том Брајант, е повреден, па во поголемиот дел од мечот Гафорд, кој е неискусен и просечен играч, ќе му биде ривал на Јокиќ.
Предлог тип: >28.5 поени (1.95)