35.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Италија и Аргентина ќе испишат историја – ќе играат во Финалисима

Актуелниот европски првак Италија и освојувачот на последното издание на Копа Америка, Аргентина, ќе играат меѓу себе во мечот кој треба да го даде првиот Интерконтинентален национален шампион.

Мечот е закажан за 1 јуни 2022 година во Лондон, а ќе биде прв од овој тип.

Се предвидува со ова да започне една нова традиција како што некогаш се играше Интерконтиненталниот клупски меч меѓу најдобрите екипи од Европа и Јужна Америка.

Овој меч ќе го носи името „Финалисима“.

- Оглас -

Најнови вести