Македонската футсал репрезентација одигра 2:2 против Црна Гора на првиот контролен натпревар во “Борис Трајковски”.
Гостите први дадоа гол и на полувреме имаа предност од 1:0. Македонија во првото полувреме промаши пенал, но нашите фудбалери одиграа многу подобро во вториот дел.
Адријан Мицевски и Иван Крстевски погодија за пресврт и наше водство од 2:1, но Црна Гора израмни со погодок во 32-рата минута за конечни 2:2.

Утре во 17:30 двете селекции ќе се соочат на вториот контролен меч.