Салах играше ракомет и Тотенхем е оштетен, а навивачите си свртеа на сеир (Видео)

Мохамед Салах играше со рака непосредно пред голот на Енди Робертсон за 2:1 за Ливерпул против Тотенхем, но судиите во ВАР собата пресудија дека нема прекршок од најдобриот стрелец на гостите и го признаа голот.

Тотенхем е оштетен, играчите протестираа и за среќа само пет минути подоцна со голот на Хјунг-Мин Сон израмнија на 2:2 за реми на дербито.

Акцијата за вториот погодок на Ливерпул во 69. минута и играта со рака на Салах можете да го погледнете ОВДЕ.

Објаснувањето на фудбалските експерти е дека Египјанецот играл ненамерно со рака.

Веднаш откако заврши мечот навивачите почнаа да с шегуваат со спорната ситуација од 69. минута и на интерсен начин го прикажаа играњето на Салах со рака во акцијата за вториот погодок на Ливерпул.

 

- Оглас -

Најнови вести