Прогнозерите беа одлични во последното есенско коло, возбудувањата продолжуваат во јануари

Со комплетирање на 18-тото коло, заврши есенскиот дел од оваа сезона на Спортска прогноза. Бесплатната игра ќе продолжи во јануари, па затоа прогнозерите не треба многу да се опуштат.

Ова коло беше најпроблематично затоа што имаше дури три меча коишто беа одложени во Англија, а беа на менито на Спортска прогноза. Во игра се вклучија двата меча кои се меѓу резервите, но бидејќи немаше трет резервен дуел, едноставно немаше шанси да има борба за Среќна 13-ка.

Во една таква ситуација, Филип Т. е најдобар за ова коло и е единствен со 11 погодени од 12-те парови. Филип го промаши само дуелот Фрајбург – Баер Леверкузен, на кој домаќините победија, а тој одиграл „двојка“. Затоа пак ја погоди победата на Наполи на „Сан Сиро“ кај Милан. Повеќе од 15 прогнозери чекаа „кец“ на Милан за да имаат 11 погодоци, но киксот на Росонерите ги остави без планираниот вредносен ваучер од 500 денари во Sport Life.

Следете Спорт Манија и Sport Life, по новогодишните и божиќните празници продолжуваат возбудувањата во вториот дел од сезоната на Спортска прогноза!

- Оглас -

Најнови вести