Црните мачки кротко предат пред Топчиите од Лондон

1092 Арсенал – Сандерленд (Лига куп, Англија, 20.45 часот)

Арсенал има моќна серија од 11 меча без пораз против Црните мачки од Сандерленд. Последен пат беа поразени од денешниот ривал во 2012 година, и тоа во меч од ФА купот.

Денеска ќе се игра четвртфинале во Лига купот на Англија, што е голема шанса за двете екипи да се пробијат во завршницата.

Арсенал нанижа три победи по ред, па типуваме дека ќе ги скроти и Црните мачки од Сандерленд.

Предлог тип: 1&3-6 (1.81)

 

3002 Џенова – Аталанта (Серија А, Италија, 20.45 часот)

Џенова бие тешка битка за опстанок, но нема резултати, односно е без победа во првенството на Италија од септември, то ест полни 4 месеци.

Горан Пандев се обидува да помогне да се излезе од криза, беше доведен и Андриј Шевченко како нов тренер, но серијата од 15 натпревари без триумф виси како Дамоклов меч над најстариот италијански клуб.

Аталанта доживеа два многу незгодни порази во декември. Со едниот против Вилјареал во Бергамо испадна од Лигата на шампионите, а пред три дена во Калчото ја декласира Рома со 4:1 исто така во Бергамо.

Бергамците немаат пораз од Џенова на последните пет меѓусебни натпревари, имаат поквалитетен тим и ќе ги освојат бодовите.

Предлог тип: 2 (1.43)

 

3003 Јувентус – Калјари (Серија А, Италија, 20.45 часот)

Јувентус го гази Калјари и во последната петолетка и има 9 победи и само еден пораз во меѓусебните дуели од 2016 година.

Калјари има солиден тим со познати играчи, но влета во криза што опасно го дрма клубот од Сардинија.

На последните 10 меча во Калчото не победија никого, имаат само еден триумф и дури 7 отсутни играчи, па Јуве ова ќе го реши лесно во своја полза.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.16)

 

1301 Вилјареал – Алавес (Ла Лига, Шпанија, 19 часот)

Жолтата подморница вози со полна пареа во декември и по поразот од Севилја нанижа четири победи со 17 постигнати погодоци.

Особено полет им даде големата победа во Бергамо, каде што во директен дуел ја победија Аталанта и се пласираа во нокаут-фазата во Лигата на шампионите.

Ова е последен меч во оваа календарска година за двете екипи и е многу значаен. Вилјареал со нов триумф ќе тргне кон горниот дел од табелата, а и бод би му значел многу на Алавес.

Во последните 15-тина години Вилјареал имаше многу проблеми со Алавес и неколку порази на свој терен, но сега ќе ги освои бодовите.

Предлог тип: 1 (1.47)

 

1302 Севилја – Барселона (Ла Лига, Шпанија, 21.30)

Од екипите од горниот дом во шпанската Ла Лига се чини дека Севилја најтешко се справува со Барселона.

Андалузијците имаат 11 меча по ред во домашното првенство без триумф против Каталонците.

Веројатно сега им е шанса да ја прекинат црната серија што почна во 2015 година, кога за последен пат ја надиграа Барса и славеа со 2:1 на „Санчес Писхуан“.

Ова е последен меч во 2021 година за двете екипи, и Севилја и Барселона имаат еден куп отсутни, а важни играчи и некако „мириса“ на меч без победник.

Предлог тип: Х (3.25)

 

 

- Оглас -

Најнови вести