Бил и Јокиќ се тандем што ги полни кошевите во НБА

8001 Индијана пејсерс – Хјустон рокитс (НБА, 01 часот)

Во услови на корона, кога голем дел од НБА-клубовите имаат огромни проблеми со заразени играчи и составите на екипите им се видно изменети, тешко е да се предвиди кој е фаворит.

Индијана и Хјустон се меѓу тимовите со малку заразени и тука, барем според квалитетот и односот на силите, Пејсерс се фаворити.

Проблем ќе им биде отсуството на Мајкл Брогдон, бек од стартната постава, но Индијана има добри замени.

Кај Хјустон нема позериозни отсуства, но Ракетите сезонава се во транзиција и моментно се најслабопласираната екипа во Западната конференција.

Во меѓусебните дуели во последно време има многу кошеви, а ќе додадеме и единица како комбиниран тип.

Предлог тип: 1&>220,5 (2.75)

 

8570 Филаделфија 76 – Атланта хоукс (НБА, 01 часот)

Повреди и ковид-19 ги десеткуваа редовите на Атланта, па ноќеска против силната Филаделфија нема да играат Тре Јанг, Капела, Галинари, Хантер, Хил, Луваву-Кабарот…, што е голем хендикеп за Хоукс.

И Филаделфија има доста отсутни, но тоа се кошаркари што во споредба со отсутните кај Атланта, не се толку важни за тимот, па 76-ките се големи фаворити за триумф на домашен терен.

Предлог тип: 1 (1.33)

 

8571 Мајами хит – Детроит пистонс (НБА, 01.30 часот)

Мајами е една од екипите што поради повреди на кошаркарите и ковид-19 драстично го смени ликот, но игра солидно.

На листата отсутни се: Батлер, Адебајо, Морис, подолго време и Оладипо, потоа и Мартин и Такер.

Тоа е хендикеп на кој Хит веќе се прилагодија и добро туркаат на четвртата позиција на Истокот со биланс од 19-13.

Детроит е убедливо најслабата екипа во НБА само со 5 победи и дури 25 порази, па ќе типуваме дека во тврд меч ќе запишат нов неуспех.

Предлог тип: 1&<205,5 поени (2.40)

 

8458 Бредли Бил (Њујорк никс – Вашингтон визардс, НБА, 01.30 часот)

Бредли Бил моментно има многу послаб просек на поени од ланскиот, што му е и рекорден во кариерата, а бележеше фантастични 31,3 поени по меч.

Сега е на нивото од 23,3 на 15-тото место, што е несвојствено за таков расен стрелец.

Ноќеска против Њујорк во тимот на Вашингтон ќе ги нема двете стартни крила Кузма и Колдвел-Поуп, што ќе значи дека Бил ќе мора да биде почесто во акција и да поентира ако Вашингтон сака да победи во Медисон Сквер Гарден.

Бил има уште еден голем мотив, да се рехабилитира по очајната партија баскет на последното гостување во Њујорк, кога постигна само пет поени.

Предлог тип: >24.5 поени (1.80)

 

8462 Никола Јокиќ (Денвер нагетс – Шарлот хорнетс, НБА, 03 часот)

Никој нема такво влијание на екипата во НБА како Никола Јокиќ во Денвер нагетс. Српскиот центар кога игра како што умее Денвер, е тврд орев за ривалите, а сезонава речиси сам го носи тимот на плеќите.

Џамал Мареј и Мајкл Портер, двајца челнови на стартната постава на Нагетс, не играат, па Јокиќ сам ја влече локомотивата на Нагетс.

Ноќеска ривал ќе му биде Мејсон Пламли, солиден дефанзивен центар, но ништо повеќе од тоа, па Јокиќ има шанса да си го подобри просекот на поени и да се пробие на подобра позиција од седмицата, на која е моментно со просек од 25,8 поени.

Предлог тип: >27.5 поени (1.85)

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести