Освојувачот на сребрениот медал на Летните олимписки игри во Токио, таеквондо репрезентативецот Дејан Георгиевски е избран за најдобар спортист на Град Скопје во традиционалниот годишен избор на најдобрите.
На доделувањето на наградите присуствуваше и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која и ги додели наградите на најдобрите.
„Во оваа година којашто беше тешка за сите нас, имавме можност да се израдуваме на спортските успеси. Спортот најдобро ги промовира и Градот Скопје и Република Македонија и затоа треба континуирано да се поддржува. Тоа Градот и досега го правел, а ќе го прави поинтензивно и во иднина. Од името на Градот Скопје, од името на советниците и од мое лично име сакам да ви ги честитам успесите. Се надевам дека ќе нè радувате уште многу години“, рече Арсовска.
Најуспешни 10-мина спортисти во сениорска категорија (мажи и жени)
Дејан Георгиевски – Таеквондо клуб Бутел,
Могамедгаџи Нуров – Боречки клуб Вардар,
Викторија Варадинова – Кик Бокс клуб Шампион,
Бобан Илиоски – Кик Бокс клуб Шампион,
Петар Заборски – Карате клуб Макпетрол,
Симона Заборска – Карате клуб Макпетрол,
Дарио Ивановски – Маратон клуб Делта,
Дрита Исљами – Атлетски клуб Работнички,
Филип Дерковски – Пливачки ватерполо клуб Орион,
Адријана Поп Арсова – Маратон клуб Делта
Најуспешни 10-мина спортисти во младинска категорија (мажи и жени): Стефан Стојановиќ – Карате клуб Макпетрол, Столе Смилковски – Карате клуб Олимпик 2007, Марија Спировска – Боречки клуб Вардар, Мери Акиевска – Фитнес и аеробик клуб Магнус, Миа Тодоровска – Кик Бокс клуб Шампион, Калин Ивановски – Тениски клуб Југ, Миа Блажевска Еминова – Пливачки и ватерполо клуб Орион, Антонија Белазелкоска – Карате клуб Работнички, Мила Младеновска – Карате клуб Работнички, Александра Симева – Тениски клуб ПОИНТЕР ДООЕЛ.
Најуспешен тренер е д-р Борче Костовски – Таеквондо клуб Бутел.
Најуспешен спортист – странец кој настапува во екипа од Скопје е Анте Гаџа – АД Ракометен клуб Вардар.
Најуспешени спортисти во категоријата на лица со попреченост: Андреј Стојановски – „Сојуз за спорт и рекреација на инвалиди на Кисела вода“, Стоилко Стоицев – Планинарски клуб Македон.
Во категорија перспективен млад спортист – кадет е Амар Хусеиновиќ – Тениски Клуб МТП Скопје.