НХЛ пак се игра, Вашингтон и Нешвил подготвуваат спектакл со многу голови

8001 Индијана пејсерс – Шарлот хорнетс (НБА, 01 часот)

Индијана има малку поголеми проблеми со повреди и отсуства на дел од важните кошаркари, а особено хендикеп за нив е неиграњето на бекот Мајкл Брогдон.

Ти-Џеј Ворен одамна не игра, па Пејсерс веќе се навикнаа без него. Шарлот има подобра сезона досега од Индијана и има позитивен биланс од 18-17, за разлика од ривалот, кој е зад нив во Источната конференција со скор 14-20.

Двете екипи одиграа неколку возбудливи меѓусебни дуели во последно време и сите беа ефикасни.

Предлог тип: >225.5 поени (1.62)

 

8446 Детроит пистонс – Њујорк никс (НБА, 01 часот)

Њујорк никс нема значајни проблеми со ковид-19, а единствено отсуството поради повреда на Дерик Роуз може да се смета за хендикеп.

Детроит остана без најдобриот стрелец Џереми Грант, а ќе недостасуваат и Џозеф, Лајлс и Олињук.

Детроит е најслабата екипа во НБА само со 5 победи и 27 порази, па надежите за плејофот исчезнаа на една третина од шампионатот.

Њујорк никс има екипа за да се надева на доигрување за титулата, но мора да ги победува екипите од калибарот на Детроит.

Предлог тип: 2<206.5 поени (2.80)

 

8452 Мемфис гризлис – Лос Анџелес лејкерс (НБА, 02 часот)

Мемфис гризлис имаат 8 отсутни кошаркари, од кои само Брукс е од првата петорка, а и кај Лос Анџелес лејкерс фали еден член од стартниот состав, а тоа е Ентони Дејвис.

Хендикепот на гостите е поголем бидејќи Дејвис е клучниот играч во ростерот со Леброн Џејмс.

Мемфис има добри замени за Брукс, а за нив важно е што брзо закрепна првата ѕвезда во тимот Џа Морант.

Лејкерс ноќеска прекинаа серија од пет порази со триумф против Хјустон, а Мемфис има две победи по ред, што ветува добар меч и многу кошеви во „Федекс форум“ во Мемфис.

Предлог тип: >223.5 поени (1.66)

 

8382 Флорида пантерс – Њујорк ренџерс (НХЛ, 01 часот)

НХЛ продолжува по големите проблеми со ковид-19 и ноќеска ќе се играат шест меча. Дербито е во Источната конференција меѓу Флорида и Њујорк, две екипи со плејоф потенцијал.

И на Флорида и на Њујорк добро им дојде паузата во НХЛ бидејќи беа во пад со формата.

Пантерите имаа четири порази на последните пет натпревари, а Ренџерс беа со скор од две победи и три неуспеси на последните пет меча.

Во меѓусебните дуели знаат да одиграат нерешено во регуларен дел, а се очекува тврд меч и можеби ново реми по 60 минути игра.

Предлог тип: Х (4.45)

 

8385 Вашингтон капиталс – Нешвил предаторс (НХЛ, 01 часот)

Вашингтон ќе има дури 10-мина отсустни хокеари ноќеска и дел од нив се многу значајни за тимот.

Ти-Џеј Оши, Ван Римсдејк, Манта… нема да играат за тимот од главниот град на САД, но и во такви услови екипата мора да продолжи со циклусот натпревари во НХЛ.

И Нешвил има проблеми, иако има само четворица отсутни хокеари. За нив Душене и Јоси се многу важни и нивното отсуство е хендикеп.

Интересни се последните шест меѓусебни натпревари на овие две екипи и на сите имаше најмалку по 7 гола.

Предлог тип: >5.5 гола (1.75)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести