Шампионот се разигра, ќе го прегази Детроит

8001 Филаделфија 76 – Хјустон рокитс (НБА, 01 часот)

Филаделфија влезе во ритам откако Џоел Ембид игра во континуитет, и тоа одлично, и има три победи по ред.

Популарните 76-ки се навикнаа да играат без Бен Симонс, втората голема ѕвезда во тимот по Ембид. Тој е суспендиран од клубот и веројатно ќе биде разменет во мини-преодниот рок што следи идниот месец.

Хјустон е во транзиција, но не му оди добро откако клубот загуби неколку големи НБА-ѕвезди. Ракетите направија обнова на тимот, но во НБА тоа тешко оди и треба време за да се склопи мозаикот.

Гостите се последни во Западната Дивизија и имаат 9 порази на последните 10 меча, а Филаделфија ги разби на последниот меѓусебен меч со 135:115.

Сличен исход е можен и сега бидејќи разликата во квалитет е голема во корист на Филаделфија.

Предлог тип: 1&>221,5 поени (2.30)

 

8357 Милвоки бакс – Детроит пистонс (НБА, 02 часот)

Шампионот се разигра и гази безмилосно во последните две седмици. Бакс нанижаа шест победи по ред, а постигнуваат и многу кошеви.

Просекот во тој циклус од шест победи им е 124 поени по меч, што е извонреден ефект.

Ноќеска Крис Мидлтон нема да игра, што е хендикеп за Милвоки, но шампионот има широк ростер и многу квалитетни играчи што можат да го покријат отсуството на Олстар-кошаркарот.

Детроит е најслабата екипа во НБА досега со биланс 6-28 и им следува уште еден пораз во ефикасен меч.

Предлог тип: 1&>225,5 поени (2.19)

 

8359 Њу Орлеанс пеликанс – Јута џез (НБА, 02 часот)

Јута има топ-тим и може да конкурира и за титулата. Донован Мичел предводи квалитетен состав, кој е покриен на сите позиции и има големи амбиции.

Њу Орлеанс е солиден состав, но има многу проблеми од почетокот на сезоната. Зајон Вилијамсон не одигра ниту еден меч и сè уште е нејасно и дали ќе може да игра поради повреда на петата.

Најавено е дека ноќеска нема да игра и Валанчиунас, а неизвесен е и настапот на Инграм, што би значело дека тројцата главни адути на Пеликаните ќе бидат отсутни.

Тоа е голема предност за Јута, екипа која и во нормални околности е поквалитетна од Њу Орлеанс.

Предлог тип: 2-2 (1.56)

 

8365 Портланд трејлблејзерс – Атланта хоукс (НБА, 04 часот)

Атланта хоукс ноќеска веројатноќе постави НБА рекорд во негативна смисла и ќе игра дури без 14-мина кошаркари против Портланд.

Голем дел од нив, како Колинс, Галинари, Хантер, Хуертер… се многу значајни за Хоукс, а најавено е дека нема да игра и Богдан Богдановиќ.

Тоа ќе значи дека импресивниот Тре Јанг ќе мора да преземе поголем товар и одговорност за да го предводи тимот до победа.

И Портланд има големи маки, а и кај нив ќе недостасуваат двајца играчи од првата петорка. Мекалум и Нуркиќ нема да играат, отсутен ќе биде и Симонс и уште петмина кошаркари.

Двете екипи имаат одлични бекови, во преден план се топ-стрелците Лилард и Јанг, па се очекува ефикасен меч.

Предлог тип: >226,5 поени (1.91)

 

8201 Њујорк ренџерс – Едмонтон ојлерс (НХЛ, 01 часот)

И Њујорк и Едмонтон имаат по два нерешени дуели во регуларен дел на последните пет меча, па можно е и вечер да нема победник по 60 минути.

Двете екипи имаат амбиции за плејоф и одлични ростери, но и по еден голем проблем. Кај Ренџерс нема да игра Артеми Панарин, еден од најдобрите хокеари во НХЛ, а кај Едмонтон отсустен ќе биде Рајан Наџент Хопкинс, еден од главните симболи на Ојлерс во последните десетина години.

Ојлерс влегоа во мала криза со три порази по ред, а спротивно од нив, Ренџерс врзаа две победи и се во подобра форма.

Можеби единицата е добар избор, но според последните меѓусебни дуели на Њујорк и Едмонтон, подобро изгледа варијантата да се одигра на плус голови.

Предлог тип: >5,5 гола (1.60)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести