20.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Фудбалер отруен со чаша вино додека бил на одмор

Фудбалерот Усу Конан Анисет починал додека бил на одмор во родната земја, Брегот на Слоновата коска. Некогашниот играч на швајцарски Сион и Стад-Лозана, но и на Хелсинки, умрел на 3 јануари и тоа како последица од труење.

Првично, роднините на Анисет помислиле дека фудбалерот починал од некоја болест, но истрагата утврдила дека не е така. Според пишувањата на африканските медиуми, главен осомничен за труењето на Анисет е негов близок роднина. Отровот на фудбалерот му бил подметнат во чаша вино, а засега не се знае мотивот за убиството.

Анисет кој имаше 32 години, го носеше дресот на Ал-Букирах во Саудиска Арабија.

- Оглас -

Најнови вести