Станковски ја смени Монца со Газијантеп, потпиша четири и пол годишен договор со турскиот прволигаш (Фото)

Лука Станковски и официјално стана нов член на турскиот прволигаш Газијантеп и потпиша четири и пол годишен договор.

Досегашниот фудбалер на Работнички и еден од најголемите македонски таленти за првпат во кариерата ќе игра за странски клуб. Лани летото беше најавено дека сè е договорено со италијанскиот вторологаш Монца, но сега дојде до пресврт.

Според договорот со Газијантеп, по истекот на четири и пол години, двете страни имаат опција за продолжување на соработката за уште една сезона.

Претседателот на Газијантеп, Џевдет Акинал, не криеше дека е задоволен што Лука стана член на клубот.

„Среќни сме што го ангажиравме Лука. Тој е еден од најголемите таленти во Македонија и мислам дека трансферот е многу добар за Газијантеп. Му посакуваме добредојде и многу успеси на Станковски во нашиот клуб“, истакна Акинал.

 

 

- Оглас -

Најнови вести