Жолтата подморница е незапирлива, ќе го освои и Хихон

3003 Лацио – Емполи (Серија А, Италија, 14.30 часот)

Емполи изненади со сигурните настапи во првиот дел од шампионатот и првичната цел опстанокот е веќе остварена.

Имаат 27 бода и се поблиску до позициите што водат во Европа, отколку до опасната зона за испаѓање.

Андреацоли успеа да склопи хомоген состав, кој им создаваше многу проблеми и на фаворитите, па ни на Лацио нема да му биде лесно.

Емполи игра офанзивно, но и прима доста голови, Лацио е сличен профил на екипа, но секако поквалитетна од гостите, па очекуваме најмалку 3 гола на „Олимпико“.

Предлог тип: 3+ (1.56)

 

3005 Специја – Верона (Серија А, Италија, 14.30 часот)

Специја успеа со сензационална победа од 1:0 против Наполи на гости да се прости со 2021 година, а сега се надева дека може да ја забележи и петтата победа сезонава во Серија А и триумфално да ја почне Новата година.

Верона има серија од три меча без победа, но и подобар тим од Специја. Што е исто така важно тимот од градот на Ромео и Јулија има низа од пет меча без пораз од Специја, од кои четири се победи.

Домашниот тим ќе биде хендикепиран со отсуството на Нзола, Коли, Коваленко, Манај и уште неколку играчи, па гостите се фаворити во меч на кој очекуваме најмалку 3 гола.

Предлог тип: 3+ (1.85)

 

1370 Спортинг Хихон – Вилјареал (Копа Дел Реј, Шпанија, 18 часот)

Вилјареал е во најдобра форма од шпанските екипи и нареди шест победи по ред во сите натпреварувања.

Сега се пред интересен предизвик да се обидат да стасаат до седмица, но и да ги сочуваат силите за следниот меч во Ла Лига против шампионот Атлетико Мадрид за три дена.

Жолтата подморница можеби ќе игра со комбиниран состав, но имаат извонредна атмосфера и се во врвна форма и ќе победат, иако гостувањата на познатиот „Ел Молинон“ се меѓу најтешките во Шпанија.

Предлог тип: 2 (1.82)

 

1371 Сарагоса – Севилја (Копа Дел Реј, Шпанија, 18 часот)

Сарагоса заглави во шпанската Сегунда и како игра и сезонава тешко дека ќе успее по 9 години пауза да се врати во Ла Лига.

Севилја бие битка за титулата во најсилната лига во Шпанија, а интересно е дека во Копа Дел Реј на вечната листа е зад денешниот ривал.

Сарагоса е на шесттото место со 6 пехари, а Севилја е веднаш зад неа со пет титули во шпанскиот куп.

Квалитетот е на страната на прволигашот, Севилја нема тежок меч во следното коло во Ла Лига, па може со сите сили да атакува на победа на „Ла Ромареда“ и на пласман во осминафиналето во Копа Дел Реј.

Предлог тип: 2 (1.67)

 

3007 Милан – Рома (Серија А, Италија, 18.30 часот)

Милан има сериозни проблеми пред дербито со Рома и најавено е отсуство на десеттина фудбалери.

Веројатно нема да играат Кеси, Ромањоли, Бенасер, Калабрија, Кјаер, Томори… што е сериозен хендикеп.

И Рома има пет отсутни играчи, но тие не се од стартниот состав, освен оддмна повредениот Спинацола.

И покрај хаотичната ситуација, особено со Ковид-19 и двете екипи немаат многу простор за калкулации, ако сакаат да ги остварат амбициите.

Милан се бори за титулата, а Рома да стаса до Топ-4 што гарантира настап во Лигата на шампионите.

Предлог тип: 3+ (1.75)

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести