1.8 C
Skopje
понеделник, 22 декември 2025

Пицерија ќе настрада поради фудбалската Лига на шампиони

Европската фудбалска куќа (УЕФА) најави тужба за еден ресторан во Германија поради назив на името на една од пиците кои ги продаваат.

Ресторанот „Pizza Wolke“ на своето мени има пица под името „Лига на шампиони“, а од УЕФА сметаат дека тоа е кршење на правото за интелектуална сопственост затоа што името „Лига на шампиони“ од претходно го имаат заштитено и никој друг не смее да го користи во никакви цели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pizza Wolke (@pizza_wolke)

Сопственикот на пицеријата бил изненаден кога добил порака дека мора да го смени името на пицата што ја продава и упати порака преку социјалните мрежи.

„На мојата екипа и мене тоа само ни покажува дека сме апсолутно на вистинскиот пат. Мојата екипа и јас го започнавме патувањето и нема да сопреме додека не бидеме во сите ваши фрижидери“, беше пораката од газдата на ресторанот.

Од УЕФА потврдиле дека ќе покренат судска постапка.

- Оглас -

Најнови вести