1939 Макаби Хаифа – Ашдод (Прва лига, Израел, 19.30 часот)
Ова е дуел на две екипи со сосема различна историја, успеси, традиција и квалитет во Израел.
Макаби Хаифа е легендарен клуб што постои над еден век, односно 109 години, со 13 титули на третото место на вечната листа, со богата традиција и успеси.
Ашдод е релативно нов клуб, кој е основан во 1999 година и нема ниту еден пехар во домашното првенство.
И сега ситуацијата на табелата одговара на реномето на клубовите, па актуелниот првак од Хаифа е лидер со 46 бода и ако победи, ќе има три бода предност пред Хапоел Бер Шева по 21-вото коло.
Ашдод е деветти со 26 бода, но со подвиг може да се надева дека ќе биде во Топ-6 екипите што ќе играат плејоф за титулата.
Макаби е во топ-форма со 11 меча без пораз во сите натпреварувања и 15 без неуспех во Првата лига на Израел.
Јасно е кој е фаворит и типуваме дека Макаби ќе победи и најмалку двапати ќе ја тресе мрежата на гостите.
Предлог тип: 1&T1 2+ (1,43)
1545 Тондела – Бенфика (Примеира, Португалија, 20 часот)
Бенфика има само еден пораз од Тондела во досегашните 13 меѓусебни дуели. Денешниот домаќин има само уште едно реми против гигантот и дури 11 порази.
Тондела ја гледа шансата за подвиг во моментната форма и очигледно лошата атмосфера кај екипата што е рекордер во Португалија со 37 титули.
Играчите и тренерот Верисимо беа жестоко исвиркани од публиката на „Луж“ по сензационалниот пораз од Жил Висенте со 1:2 во минатото коло.
Јасно е дека Бенфика не може да ја освои 38-та шампионска круна со 15 бода помалку од Порто и девет од градскиот ривал Спортинг, но мора да ја победи Тондела.
Секое поинакво сценарио ќе значи дека гигантот плови во опасни води со многу незадоволни навивачи.
Предлог тип: 2&0-3 гола (2,45)
3006 Салернитана – Специја (Серија А, Италија, 20.45 часот)
По многу основи Салернитана е главен кандидат експресно да се врати во Серија Б. Моментно е последна во Првата лига само со 10 бода и 10 минус во однос на Калјари, кој е прв над линијата за испаѓање.
Клубот од Салерно веќе доби неколку предупредувања да си најде газда и дека не е дозволено Клаудио Лотито, кој е сoпственик на Лацио, да владее со два клуба.
Објавено е дека Данило Лерволино, сопственик на Пегасус онлајн Универзитетот, е новиот газда на Салернитана, а клубот купи или позајми дури 11 нови играчи во јануарскиот преоден рок.
Меѓу нив се познати имиња, како Верди, кој беше и репрезентативец на Италија, потоа Фацио, Пероти, Мусет, Едерсон… и екипата од Салерно ќе се обиде да се спаси.
Специја со три победи по ред се извлече од опасната зона и е фаворит, па типуваме дека нема да загуби од фенерџијата.
Предлог тип: Х2&0-3 гола (1,94)
1616 Атлетик Билбао – Еспањол (Ла Лига, Шпанија, 21 часот)
Долг пат заедно минаа две значајни екипи во шпанскиот фудбал и ова ќе биде 172-от меѓусебен меч на Атлетик Билбао и Еспањол.
Баските имаат повеќе успех и победија на 71 меч, а ривалот има 65 триумфи. Моментно Атлетик е во подобра форма и позиција на табелата од Еспањол, особено по големата победа во Копа дел Реј против Реал Мадрид.
Атлетик се бори за место што води во европските купови, само еднаш загуби од Еспањол на последните шест меча на „Сан Мамеш“, па ќе типуваме единица.
Предлог тип: 1 (1,78) Супер Тип на Sport Life
2842 Мореиренсе – Белененсеш (Примеира, Португалија, 22.15 часот)
Се очекува дербито на дното во португалската Примеира да биде неизвесно и да се игра тврд фудбал.
Бодовите се исклучително значајни за двете екипи, па ќе постои и грч и ќе се игра со голем императив да не се загуби.
Белененсеш е една од само петте екипи во 88-годишната историја на клупскиот фудбал во Португалија што биле шампиони, заедно со Бенфика, Порто, Спортинг и Боависта. Но, сега е главен кандидат за испаѓање на последното место само со 12 бода.
Ниту Мореириенсе не е многу подобар на претпоследното место со 16 бода.
Мечот е многу значаен и наш тип е дека ќе има малку голови.
Предлог тип: 0-2 гола (1,65)