Земјите од Велика Британија заедно со Република Ирска се главни фаворити за добивање на кандидатурата за домаќинство на Европското првенство во 2028 година. Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска како дел од Велика Британија, плус Република Ирска и официјално упатија барање за да бидат домаќини на континенталниот собир за шест години.
Во исто време, Италија одлучи дека нема да се кандидира за ЕП 2028 година, но Аѕурите се кандидираа за домаќини на европскиот собир во 2032 година. Италија веќе двапати била домаќин на ЕП, и тоа во 1960 и 1980 година, а беа домаќини и на четири натпревари на континенталниот собир кој минатата година се одржа низ повеќе земји.