1901 Рапид – Салцбург (Бундеслига, Австрија, 19.30 часот)
Салцбург има огромна предност од 14 бода пред Штурм и Волфсбергер и сигурно ќе тргне во плејофот за титулата од првата позиција.
Популарните Бикови имаат малку поинаква мака и за пет дена треба да го почнат двомечот со Баерн Минхен во осминафиналето во Лигата на шампионите.
Во таборот на Салцбург сите мисли се насочени во подготовка за старт на двомечот со германскиот гигант и дуелот со Рапид им е спореден.
Ова може да го искористи 32-кратниот првак и најтрофејна екипа во Австрија, па типуваме дека ќе му даде барем еден гол на фаворитот од Салцбург.
Предлог тип: Т1 1+ (1,46)
1601 Хераклес – Утрехт (Ередивизија, Холандија, 20 часот)
Чудно е како Утрехт нема шампионска круна во Холандија како клуб што има голема база на навивачи и единствен што не испаднал од Првата лига, заедно со големата тројка, Ајакс, Феенорд и ПСВ Ајндховен.
Хераклес е клуб со долгогодишна традиција и во 2023 година ќе слави голем јубилеј и 120 години од постоењето.
Тие имаат две предвоени титули во 1927 и во 1941 година, што се далечни, но пријатни спомени за навивачите на клубот од Алмело.
Сега бијат жестока битка за опстанок, па седмопласираниот Утрехт е фаворит.
Двете екипи немаат некаков посебен ривалитет, а во моментов Утрехт има и поквалитетна екипа и е во подбра форма, па ќе типуваме на победа на гостите.
Предлог тип: 2 (2,32) Супер тип на Sport Life
1801 Лајпциг – Келн (Бундеслига, Германија, 20.30 часот)
Лајпциг игра скромна сезона во Бундеслигата и ланскиот вицешампион, сега е на седмото место, што не одговара на амбициите на клубот.
Биковите имаат и еден постојан проблем во Германија, каде што го имаат ореолот на вештачки клуб и не се омилени кај навивачите на другите клубови.
Против Келн ќе играат многу важен меч, на кој мора да победат за да останат во игра за место што води во Лигата на шампионите.
Домаќините ќе имаат згуснат распоред бидејќи на 17 февруари ќе го почнат и двомечот со Реал Сосиедад во Лигата на Европа, а три дена подоцна ќе играат и со Херта, па потоа пак со шпанскиот тим во реваншот во Сан Себастијан.
Ова за нив е еден од клучните мечеви во сезоната, а Келн не е наивен ривал. Јарците се за една позиција пред Лајпциг, па и тие сакаат победа што ќе ги доближи до позиции што водат во Лигата на шампионите.
Предност има Лајпциг, но не е исклучено и реми во меч со 2-4 гола.
Предлог тип: 1Х&2-4 (1,80)
1701 Пари Сен Жермен – Рен (Лига 1, Франција, 21 часот)
Рен е единствениот тим во досегашните 23 кола во Лига 1 во Франција што успеа да го победи Пари Сен Жермен.
Рен во деветтото коло славеше на домашен терен со 2:0, па лидерот ПСЖ сигурно ќе сака да се реваншира.
Сепак, тука ќе треба да се внимава бидејќи ПСЖ речиси сигурно ќе биде првак на Франција затоа што има 13 бода предност пред Марсеј и 14 пред Ница, а веќе во вторник ќе го игра големото дерби од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
Кај ПСЖ во составот денеска ќе ги нема Нејмар и Рамос, веројатно и Ди Марија, а нема да биде чудо ако одморат и Мбапе и Меси, или едниот од нив.
Рен има одличен тим и двајца опасни стрелци, што ќе бидат закана за домаќините. Териер и Лаборд со по 11 погодоци го делат третото место со Мбапе на листата со најдобри стрелци во Франција и типуваме дека тие двајца или некој друг играч на Рен ќе дадат гол на „Паркот на принцовите“, но дека и гостите ќе примат барем еден погодок.
Предлог тип: ГГ (1,69)
1301 Севилја – Елче (Ла Лига, Шпанија, 21 часот)
Севилја заборави кога последен пат е поразена во Ла Лига и има импресивна серија од 9 меча на кои освојуваше барем еден бод.
Во 2022 година е без пораз во шпанското првенство, а последниот неуспех ѝ е против Реал Мадрид во ноември лани, кога загуби со 2:1 на гостински терен.
Токму Реал ѝ е главен конкурент за титулата, а клубот од Андалузија има шест бода помалку од најтрофејниот шпански клуб и лидер во Ла Лига.
И Елче е во одлична форма со пет меча без пораз во Ла Лига и ниту еден неуспех во 2022 година.
Сепак, гостите имаат скромен состав во однос на Севилја и никогаш не победиле на „Рамон Санчес Писхуан“.
Предлог тип: Х-1 (3,60)