34.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Милан не го дава врвот, ќе остане лидер во Калчото и по овој викенд

1002 Вест хем – Њукасл (Премиерлига, Англија, 13,30 часот)

Њукасл конечно почна да игра добар фудбал, а и покрај сите контроверзи новите сопственици од Саудиска Арабија донесоа позитивни промени во клубот.

„Црно-белите“ се во убава серија од пет меча без пораз во Премиерлигата и успеаја да се извлечат од опасната зона, иако сите грижи за опстанок не се прегрмени.

Голем проблем за гостите е што имаат дури 7 повредени играчи, а особен хендикеп ќе биде неиграњето на Кјеран Трипие.

Англискиот репрезентативец почна да дава и голови, во негов препознатлив стил од слободни удари, но се повреди и ќе мора да паузира.

Вест хем има одличен тим и шанса да се бори за позициите што водат во Лигата на шампионите.

Во топ форма е Џеред Боувен, тука е и опасниот Антонио, потоа и Соучек, Форналс, Рајс…, па се очекуваме ефиксен меч со најмалку три гола на Олимпискиот стадион во Лондон.

Предлог тип: 3+(1,80)

 

1805 Волфсбург – Хофенхајм (Бундеслига, Германија, 15,30 часот)

Волците и Хофенхајм си имаат топ-серија од 8 меѓусебни натпревари по ред со ГГ, а 7 од нив беа и ГГ&3+.

Двете екипи сакаат да играат офанзивен фудбал, без многу калкулации и на гол повеќе од противниците, па тоа треба да се искористи.

Хофенхајм има добра позиција во битката за настап во Лигата на шампионите, а и Волфсбург може да се приклучи за да биде во конкуренција за европски настап, ако денеска победи.

Двете екипи немаат многу простор за калкулации, победата е многу важна, па типуваме дека и традицијата на ефикасни мечеви меѓу Волфсбург и Хофенхајм ќе продолжи.

Предлог тип: ГГ&3+ (2,03)

 

1006 Кристал Палас – Челзи (Премиерлига, Англија, 16 часот)

Лондонското дерби доаѓа во незгодно време за Кристал палас, бидејќи знаците на криза се очигледни.

Палас нема победа на пет меча по ред, а му доаѓа градски ривал од кој има 8 порази во серија.

Челзи едноставно го гази Кристал палас, а низа од 8 победи по ред се за респект. Патем, „сините“ доѓаат на „Селхрст парк“ веднаш по освојувањето на пехарот во Светскиот клупски куп.

Кристал палас игра физички цврст фудбал и може да биде незгоден ривал, но Челзи е во топ-форма и знае како да игра против нив.

Предлог тип: 2 (1,65)

 

3004 Салернитана – Милан (Серија А, Италија, 20,45 часот)

Милан како лидер го чека стартот на 26 коло во Серија А и типуваме дека ќе остане на врвот и по гостувањето во Салерно.

Можно е Златан Ибрахимовиќ да не игра, но Милан е во налет и е голем фаворит против фенерџијата во Калчото.

Салернитана купи цел нов тим во зимскиот период, но некако и нема време да се воигра, па тенки се шансите за опстанок.

Против Милан ќе играат без 7 играчи, меѓу нив и најголемото зимско засилување Верди, па се чини дека поразот од Милан е неминовен.

Предлог тип: 2&3+ (1,91)

 

1306 Реал Мадрид – Алавес (Ла Лига, Шпанија, 21 часот)

Алавес го победи Реал на последното гостување во Мадрид со 2:1, но тогаш се играше на „Алфредо Ди Стефано“ и без публика, во екот на пандемијата со корона-вирус.

Сега, Реал пак игра на својот главен храм и култен стадион „Сантијаго Бернабеу“ и ќе има голема поддршка од публиката.

Кралскиот клуб се бори за титулата во Ла Лига и засега ја има пол-позицијата со четири бода предност пред Севилја.

Тоа не дава простор за комоција, па Бензема и соиграчите ќе мора да тргнат веднаш во офанзива.

Алавес доаѓа осоколен по победата против Валенсија во минатото коло, прва за нив во Ла Лига во 2022 година.

Сепак, Реал е многу поквалитетен тим и очекуваме да ги реши сите дилеми уште во првото полувреме.

Предлог тип: 1-1 (1,79)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести