Дербито во Бразил не се одигра, откако фудбалер беше погоден со огромен камен (Видео)

Едно од најголемите дерби мечеви во бразилскиот фудбал не се одигра поради дивеењето на навивачите. Се работи за дербито на Порто Алегре, а Интернасионал требаше да го угости Гремио.

Сепак, средбата не се одигра, откако навивачите на Интернасионал го каменуваа автобусот во кој беа гостинските фудбалери. Од фрлените канења, беа скршени неколку стакла на автобусот, па имаше и повредени фудбалери.

Играчот за врска Матие Вилјасанти со возило на Брза помош беше префрлен во болница, откако се здоби со потрес на мозокот и фрактура на главата, како и неколку расекотини по лицето и телото. Парагвајскиот интернационалец е задржан во болница.

„По апсурдната и кукавичка агресија која ја доживеавме, ја информиравме Фудбалската федерација дека нема да го играме дербито“, објаснија од Гремио.

Нападот го осудија и од тимот на Интернационал, додавајќи дека двајца навивачи осомничени за нападот се уапсени.

- Оглас -

Најнови вести