Во Данска ќе победи домаќинот, а во Франција ќе се радуваат гостите

2806 Брондби – Сондерјиске (19 ч.)

Брондби има седум победи по ред во првенството, покажувајќи дека ќе се бори и за титулата. Сондерјиске е најслабиот тим во Данска само со 10 освоени бода од 18 кола и јасно е тука кој е фаворит.

На домашен терен Брондби има шест победи, две ремија и само еден пораз, а Сондерјиске во девет гостувања има само два освоени бода. Сепак, интересно е дека во првиот дел од сезоната, Сондерјиске дома победи со 1:0 против Брондби, што е дополнителен мотив за реванш.

Предлог тип: 1-1 (2.35)

 

1105 ВБА – Свонси (21 ч.)

ВБА е во очајна серија и во последните шест кола во Чемпионшип има освоено само еден бод. Свонси во истиот период има две победи и четири порази, но, сепак, вечерва Лебедите се во улога на аутсајдери.

Сезонава ВБА дома има осум победи, шест нерешени и само еден пораз, што доволно кажува дека домаќините едноставно ќе атакуваат на освојување бодови.

Предлог тип: 1Х&2-4 (1.83)

 

1720 Гренобл – Тулуз (20:45 ч.)

Тулуз е лидер во втората француска лига и во 25 кола има само два порази. За разлика од Тулуз, Гренобл е претпоследен на табелата само со 25 бода од 25 кола. Тоа е тимот со најслаб напад, додека Тулуз го има убедливо најдобриот напад со 56 погодоци.

Нетипично за Франција, но на последните пет меча на овие два тима вкупно имало дури 24 погодоци, што е во просек речиси по пет гола на меч.

Предлог тип: 2 (1.76)

 

1544 Брага – Санта Клара (21:15 ч.)

Брага има напорен период во кој игра на секои три дена. Во четвртокот тимот играше 120 минути против Шериф во Лигата на Европа, но успеа да оди во следната фаза. Санта Клара е тим на кој главна цел му е да се спаси од испаѓање.

Санта Клара на гости освои само шест бода од 11 меча и е вториот најслаб тим на туѓ терен.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.97)

 

3208 Зенит – Рубин Казањ (17 ч.)

Зенит има три нерешени во последните пет кола, па поради овие киксови, тимот го загуби првото место на табелата. Тимот од Санкт Петербург сега има шанса повторно да се врати на чело на табелата, па домаќините сигурно ќе тргнат офанзивно од првата минута.

Рубин Казањ има четири порази во последните пет кола и тие ќе бидат среќни ако не загубат. На пет од последните шест меѓусебни дуели било ГГ3+, а во сите тие шест натпревари имало барем по три погодоци.

Предлог тип: 1+I & 2+ II (2.13)

 

- Оглас -

Најнови вести