8397 Мајами хит – Феникс санс (НБА, 01.30 часот)
Мајами ќе ги искористи големите проблеми на вицешампинот и има зицер за победа во дуелот на двете првопласирани екипи во двете различни конференции во НБА.
Хит се први на Истокот и се во топ-форма со 8 победи на последните 10 меча. Најважно за нив е што се комплетни, што не е случај со гостите, кои имаат најдобар биланс во целата лига со 52 победи и 13 порази, но играат без двете големи ѕвезди Девин Букер и Крис Пол.
Неизвесен е и настапот на Камерон Џонсон, а и со комплетен состав во јануари загубија од Мајами со 100:123 на домашен терен.
Тогаш беше 2-2, а сега ќе типуваме слично сценарио и предност на Мајами на полувремето и победа на крај.
Предлог тип: 1-1 (1.55)
8398 Милвоки бакс – Атланта хоукс (НБА, 02 часот)
Шампионот Милвоки е во одлична форма и има пет победи по ред, на кои постигна дури 642 поени, или во просек по 128,4 на меч.
Ноќеска на Оклахима и уфрлија дури 142 поени, со што само потврдија дека се разиграа.
Јанис Адетокумбо и Крис Мидлтон се срцето на тимот и тие играат извонредно, а квалитетот на Џру Холидеј, на Портис и останатите кошаркари на Бакс се добра подлога во битката за одбрана на титулата.
И Атланта има одличен тим што го предводи Тре Јанг, а одлично се вклопуваат Колинс, Капела, Богдановиќ и уште неколкумина квалитетни кошаркари.
Двете екипи играат многу брза кошарка, со куси напади, а и во меѓусебните дуели во последно време постигнуваа многу поени, па нашиот избор е дека ќе има повеќе од 233 поени.
Предлог тип: >233,5 поени (1.63)
8506 Лука Дончиќ (НБА, Далас маверикс – Њујорк никс, 02.30)
Двајцата главни кошгетери покрај Лука Дончиќ ноќеска нема да играат за Далас маверикс, па Словенецот ќе мора да понесе поголем товар во нападот.
Хардавеј е одамна повреден, а сега надвор од редовите е и Брунсон, па се очекува ново кош-шоу на Дончиќ.
Интересно е што против Никс, Лука не е толку ефикасен и на последните три меѓусебни дуели не ја минуваше границата од 30 поени, а и Далас немаше многу успех, па има четири порази по ред од Њујорк.
Сепак, сега ситуацијата е малку поинаква, Далас е во серија од пет победи, а Дончиќ е главната ѕвезда кај Маверикс и очекуваме да блеска со над 32 поени.
Предлог тип: >32.5 поени (1.80)
8402 Минесота тимбервулфс – Оклахома сити тандер (НБА, 02 часот)
Волците играат маестрално во последно време и со пет победи по ред се пробија на седмата позиција во Западната конференција и имаат шанси да се најдат и во Топ-6 екипите, кои ќе ја прескокнат елиминациската фаза за настап во плејофот.
Таунс и Расел се лидери на тимот, а хендикеп им е што нема да игра младата ѕвезда Едвардс, но и без него ги газат противниците.
Минесота ја декласира Оклахома со 138:101 пред четири дена, и тоа како гости, а последните две победи против истиот ривал им се со 30+ разлика.
Оклахома е во транзиција веќе подолг период, а ноќеска имаат и големи кадровски проблеми со отсуство на седуммина кошаркари, па им следува нов дебакл во дуел со одличните Волци.
Предлог тип: 1 со хендикеп од 14.5 поени (1.78)
8525 Никола Јокиќ (НБА, Сакраменто кингс – Денвер нагетс, 04 часот)
Центарот на Денвер нагетс игра кошарка од друга планета и прави невидени чуда во 75-годишната историја на НБА-лигата.
Трипл-дабл ефектите му се секојдневие на Јокиќ, а и рекордите во НБА не се недостижни за него.
На последните два меча постигна вкупно 78 поени, со 27 скока и 24 асистенции, што е за респект, а такви му се настапите во последните неколку сезони.
Јокиќ речиси сам го носи товарот на плеќите во Денвер и тоа го прави многу успешно. Повторно е кандидат за МВП наградата, а интересно е што ноќеска ќе игра против тим што ќе го памети засекогаш.
Токму против Сакраменто, центарот на Денвер во февруари лани си го постави личниот рекорд во НБА-лигата со 50 постигнати поени.
Очекуваме да продолжи да игра брилијатно и да оди над границата од 27 поени.
Предлог тип: >27.5 поени (1.90)