2432 Универзитатеа – Аргеш (Плејоф, Романија, 19.30 часот)
Во Романија почнува плејофот за титулата, а премиерата е на „Јон Облеменко“, каде што ќе играат поранешните прваци.
Универзитатеа е едно од големите имиња во романскиот фудбал и има четири шампионски круни, но последната е освоена во 1991 година.
Студентите преклани имаа шанса за петка, но во нокаут-меч загубија од Клуж и не успеаја да стигнат до шампионскиот пехар.
Сега ќе го почнат плејофот од третото место со 27 бода, 11 помалку од Клуж и четири од ФЦСБ.
Фаворити се против Аргеш, екипа која има две титули во Романија, последната освоена во 1979 година.
Гостите ќе го почнат плејофот од четвртата позиција со 24 бода и типуваме дека ќе останат на ист број на бодови и по гостувањето во Крајова.
Предлог тип: 1Х&0-3 (1.42)
1630 Камбур – Ајакс (Ередивизија, Холандија, 20 часот)
Камбур игра многу солидна сезона откако лани се врати во Првата холандска лига и да не беше дебаклот токму од Ајакс во првиот дел од првенството, оценката ќе беше и повисока.
Ајакс ги декласира со неверојатни 9:0 на арената „Јохан Кројф“ на 18 септември, па сега домаќините ќе сакаат реванш.
Камбур може да игра порастоварено бидејќи примарната цел, опстанокот, е остварена, па сега дури можат да сонуваат и за европски настап.
На последното гостување во Ливарден кај Камбур пред шест години, Ајакс загуби со 2:1, но сега не смее ни да помисли на пораз.
Иако ги чека многу важен реванш-меч со Бенфика во вторник во Амстердам, во осминафиналето во Лигата на шампионите, Копјаниците мора да го победат Камбур и типуваме дека ќе го сторат тоа во ефикасен меч.
Предлог тип: 2&4+ (1.81)
1301 Атлетико Мадрид – Кадис (Ла Лига, Шпанија, 21 часот)
Ова е незгоден меч за шампионот на Шпаниј, најмногу поради периодот во којшто се игра, но и поради кадровските проблеми на Јорганџиите.
Атлетико мора да победи за да остане на четвртата позиција во Ла Лига, последна што води во Лигата на шампионите идната сезона.
Во овој циклус од ЛШ во вторник ги чека гостување на „Олд Трафорд“, на реванш-мечот со Манчестер јунајтед во осминафиналето.
Атлетико има и сериозни кадровски проблеми и против Кадис нема да играат: Савиќ, Куња, Лемар, Хермосо, Врсаљко, Вас и веројатно и Кондогбија и Кореа.
Кадис е аутсајдер, се бори за опстанок и ќе се обиде да направи изненадување, а тоа би било и реми на „Ванда Метрополитано“.
Атлетико и во ваква ситуација има тим за победа, но ќе мора да чува сили за тешкото гостување во Англија кај Манчестер јунајтед.
Предлог тип: 1&0-4 (1.51)
1701 Лил – Сент Етјен (Лига 1, Франција, 21 часот)
Лил има убава серија од шест меча без пораз против Сент Етјен, а во тој циклус трипати победи и исто толку пати одигра нерешено.
Шампионската титула е веќе предадена кај Пари Сен Жермен, но Лил има мотиви да го победи 10-кратниот првак и да остане во игра за позициите што водат во Лигата на шампионите.
Лил се подготвува и за реваншот со Челзи во осминафиналето во ЛШ, но многу му е важен и дуелот денеска во Лига 1.
Сент Етјен е далеку од убавите времиња кога освојуваше титули во Франција, а ги има најмногу заедно со Марсеј, по 10.
Сега бијат голема битка за опстанок и за нив и бод на дуелот со Лил ќе биде огромен успех.
Последните три меѓусебни дуели меѓу Лил и Сент Етјен завршија нерешено, па ќе типуваме дека традицијата ќе продолжи.
Предлог тип: Х (3.65)
1536 Бенфика – Визела (Примеира, Португалија, 21.15 часот)
Бенфика и Визела ќе го играат само четвртиот меѓусебен меч, а досега е 3-0 за гигантот, па се очекува уште една победа.
Популарните Орли се комплетно насочени кон реванш-дуелот со Ајакс во Лигата на шампионите, но Визела и во ваква ситуација е тотален аутсајдер.
Гостите имаат серија од пет меча без победа и тешко дека ќе можат да ја прекинат на „Луж“ во Лисабон.
Бенфика е во убава серија од шест меча без неуспех, со 4 победи и две ремија, а денеска се очекува и седмица со триумф против Визела.
Предлог тип: 1&0-4 (1.58)