1005 Астон Вила – Арсенал (Англија, Премиерлига, 13.30 часот)
Астон Вила двапати по ред го победува Арсенал со по 1:0 на „Вила Парк“, но сега тешко ќе има хет-трик.
Топчиите и покрај поразот од Ливерпул се во одлична форма и бијат голема битка за место што води во Лигата на шампионите.
Имаат идеална позиција и моментно се четврти, таман за настап во Лигата на шампионите идната сезона.
Бодот предност пред Манчестер јунајтед сега може да се претвори во четири чекори разлика, а плус Арсенал има уште еден меч за доигрување и ако успее да ги освои бодовите ќе биде со 7 бода повеќе од Црвените ѓаволи кои им се глави ривали, покрај Вест хем, Тотенхем и Вулверхемптон во битката за последното четврто место што гарантира настап во ЛШ.
Астон Вила има одлични офанзивци и Воткинс, Ингс, Кутињо, Рамзи.. ќе бидат сериозна закана за гостите од Лондон, но ќе типуваме дека нема да победат, иако можат да дадат гол.
Предлог тип: Х2&ГГ (2.30)
3003 Наполи – Удинезе (Италија, Серија А, 15 часот)
Наполи брзо го прегрме поразот од Милан пред две кола и се уште го сонува Скудетото и не е без шанси, иако Росонерите се лидери со три бода предност, а и Интер може да ги прескокне, бидејќи со еден бод помалку на третото место имаат еден меч помалку.
Трката за титулата е драматична во Калчото, а се заканува и Јувентус, па јасно е дека Наполи нема поинаков избор, освен да го победи Удинезе.
Зебрите од Удине се релативно спокојни во битката за опстанок со 8 бода предност пред Венеција и можат да играат порелаксирано.
Проблем за тимот чиј член е Илија Несторовски е што имаат долга серија од неуспеси во дуелите со Наполи.
Удинезе последен пат го победи Наполи во 2016 година и оттогаш 11 пати беа поразени и само еднаш ремизираа.
На последните два меча Наполи му даде вкупно 9 гола на Удинезе, па ќе типуваме дека Елиф Елмас ќе се радува на победа во македонскиот дуел со Илија Несторовски.
Предлог тип: 1 (1.50)
3004 Интер – Фиорентина (Италија, Серија А, 18 часот)
Шампионот на Италија се замори и во последните два месеци, односно во февруари и март на 10 меча во сите натпреварувања има по 3 победи и порази и четири нерешени натпревари.
Интер е елиминиран од Лигата на шампионите, но се уште има реални шанси за два трофеи.
Скудетото што го освоија лани се уште е на дофат и според проекцијата кога ќе се одиграат сите заостанати натпревари во Серија А, Интер би имал само едне бод помалку од Милан.
Токму против градскиот ривал ги чека реванш плуфиналето во Купот на Италија, а на првиот меч условно како гости ремизираа без голови.
Прва цел им е да ја одбранат титулата во Калчото, а веќе немаат право на кикс, па се очекува победа против Фиорентина, екипа против која имаат четири победи по ред.
Предлог тип: 1 (1.53)
3005 Калјари – Милан (Серија А, Италија, 20.45 часот)
Милан веќе не зависи од никого во битката за шампионската круна во Италија, бидејќи е лидер на 9 кола до крај.
Таквата позиција е најдобра и Росонерите ќе сакаат да ја искористат и да останат на врвот со 19-от пехар како шампиони на Италија.
Калјари бие жестока битка за опстанок, но за нив Милан е непобедлив и има примено само еден гол на последните шест меѓусебни дуели од кои пет се победи и едно реми со вкупна гол-разлика 14:1.
Предлог тип: 2 (1.68)
1305 Рајо Валјекано – Атлетико Мадрид (Ла Лига, 21 часот)
Со поразот од Атлетико Мадрид на 2. јануари Рајо Валјекано почна една долга серија без победа во Ла Лига и таа се уште е актуелна и долга 9 натпревари.
Тоа доведе до голам пад на табелата за тимот чиј голман е Столе Димитриевски, па сега не е сигурен ниту опстанокот, иако Рајо има 8 бода повеќе од Кадис, 10 од Алавес и 13 од Леванте.
Рајо има и меч помалку, па и реми со Атлетико во мадридското дерби не е лош исход за нив.
Гостите се исцрпени по големата битка во двомечот со Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите, што успешно ја апсолвираа, но немаат право на кикс во обидот да обезбедат една од првите четири позиции за нов сигурен настап во ЛШ.
Чоло Симеоне е опасен тактичар, на Атлетико му требаат бодовите, на Рајо исто така, па очекуваме помирно прво полувреме и атак на победа на двете екипи на бодовите со повеќе голови во вториот дел.
Предлог тип: 2>1 (1.99)