Карим Бензема не беше во составот на Реал на вчерашното Ел Класико против Барселона и тоа се покажа како еден од клучните моменти за убедлив пораз на Кралевите од 0:4. Првиот стрелец на Реал немоќно од трибините го гледаше дебаклот на своите соиграчи, а потоа не можеше да остане мирен и откри некои детали кои претходно не беа познати.
„Срамниот пораз од Барселона се случи затоа што ги потценивме. Вчера кога се разбудив ги видов Винисиус и Касемиро како пијат и играат ФИФА игрица. Ги прашав зошто не одмораат пред важен меч, а Винисиус ми одговори „Нема потреба, Барселона е без Меси“, откри разочараниот Бензема.
Од почетокот на 21 век, односно во последните 20-тина години, Реал дури деветти пат губи од Барселона со три или повеќе разлика, додека Кралевите во истиот период само еднаш го совладале најголемиот ривал со три или повеќе разлика.
Benzema says Real Madrid teammates were “playing FIFA” the night before El Clásico game vs Barca.😬 pic.twitter.com/GIPdgV8S2e
— ESPN CF (@ESPN_CF) March 21, 2022