Англиски фудбал од пониските лиги и врвна кошарка во Евролигата се добитна комбинација

8395 Жалгирис – Асвел (Евролига, 19 часот)

Жалгирис и Асвел заедно со Панатинаикос се трите најслаби екипи во Евролигата, сите со по 7 победи.

Литванците имаат и 18 порази, еден повеќе од двата ривали за избегнување на последното место.

Асвел е во многу лоша форма, со 8 порази по ред, а како што играат, се наѕира и деветтиот несупех.

Жалгирис иако е последен на табелата, има реални шанси да го прескокне и денешниот ривал и Панатинаикос.

Литванскиот тим е во подобра форма, а и досега никогаш не загубил на домашен терен од тимот од Лион.

Предлог тип: 1(1.53) 

 

8396 Басконија – Фенербахче (Евролига, 20.30 часот)

Басконија и Фенербахче грчевито се борат да дојдат до позиција да играат плејоф, но засега се надвор од Зоната 8, што гарантира битка за титулата во Евролигата.

Ситуацијата им е интересна, Басконија има 10 победи, една повеќе од Фенер, но и 15 порази, два повеќе од денешниот ривал, со три одиграни натпревари повеќе.

Евентуален несупех на домашен терен ќе го оддалечи шпанскиот тим од плејофот, а и Турците не смеат да си дозволат пораз.

Фенербахче досега има примено најмалку кошови во Евролигата, а Басконија ја има втората најслаба одбрана по Жалгирис.

Ова ќе биде судир на две различни концепции, па се очекува неизвесен меч, а ние ќе типуваме дека нема да има повеќе од 156 поени.

Предлог тип: <156.5 поени (1.57)

 

8397 Монако – Олимпијакос (Евролига, 21 часот)

И двете екипи се во добра форма, а и бодовите им се многу значајни. Олимпијакос е трет на табелата зад шпанскиот тандем, Барселона и Реал Мадрид, но со поволен епилог можат да бидат и на врвот по завршувањето на регурларниот дел во Евролигата.

Тоа сценарио е со минимални шанси, но Олимпијакос ќе се бори докрај за подвиг, иако не зависи само од своите резултати.

Монако моментно е на осмата позиција, последна што води во плејофот, а тука битката е голема со неколку клубови што конкурираат за место меѓу октетот најдобри и што ќе играат за титулата.

Францускиот тим лани загуби од Олимпијакос со 21 поен разлика, но сега е домаќин и шансите за успех му се поголеми.

Мечот е многу значаен и за двете екипи и ќе одиграме на минус 164.5 поени.

Предлог тип: <164.5 поени (1.58)

 

1109 Кингстонијан – Бауерс и Питси (Англија, 20.45 часот)

Ова е меч за престиж во Истмијан лигата, Премиерна дивизија, а и двете екипи немаат шанси за настап во плејофот за повисок ранг, а и не можат да испаднат.

Кингстонијан беше кандидат за врвот, но имаше црна серија од 9 меча без победа што ја прекина во минатото коло, но сега е веќе доцна за учество во баражите.

Бауерс и Питси се скромна екипа што ја исполни целта, да опстане во Лигата, па и тие можат да одиграат без посебен императив.

Гостите имаат дури 13 бода помалку од Кингстинијан, но се во подобра форма. На последните 7 меча имаат четири победи и два порази со едно реми.

Дуелите меѓу денешните ривали се многу интересни, досега само двапати играле меѓу себе и вкупно само еднаш се тресеше мрежата, и тоа на Бауерс и Питси лани, кога Кингстонијан победи со 1:0. Претходно во 2019 година одиграа меч без голови, па сега е време за „трета среќа“ и меч со најмалку 3 погодоци.

Предлог тип: 3+ (1.57)

 

1117 Труро – Јејт Таун (Англија, 20.45 часот)

И двете екипи се кандидати за настап во плејофот и битка за повисок ранг на натпревари, а и Труро и Јејт Таун имаат помалку одиграни натпревари од конкурентите во Јужната лига во Јужната дивизија во Англија.

Ова е и заостанат меч од 21-вото коло, а и домаќините и гостите досега одиграа по 33 меча во Лигата што има 22 клуба.

Јејт Таун е во подобра позиција од домаќинот и има 59 бода, шест повеќе од Труро. Гостите ќе имаат помал притисок, но и тие ќе сакаат да избегнат пораз бидејќи сега секој бод вреди многу.

Труро ќе мора да нападне за да се обиде да ја намали разликата во бодови, а важни се првите пет места во Лигата. Шампионот во Јужната лига од Јужната дивизија ќе се пласира во повисок ранг, а следните четири најдобропласирани екипи ќе играат баражи за уште едно место.

Предлог тип: Х (3.25)

 

- Оглас -

Најнови вести