Супер оптимист: Две победи на Македонија кои носат вкупен коефициент од 438

Македонија денеска ќе води две важни фудбалски битки. Секако, фокусот е на дуелот во Палермо, каде што Италија е домаќин на нашите најдобри фудбалери во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство во Катар.

Освен сениорите, денеска попладне ќе игра и националниот тим за играчи до 21 година. Младата македонска репрезентација гостува во Белград против Србија, во дуел од квалификациите за пласман на ЕП. Со евентуална победа, Македонија ќе се зацврсти на третото место, а поради нефудбалски причини (Украина моментно не може да ги игра своите мечеви), може да стигнеме и до второто место, кое води во баражот.

Најоптимистички расположените обложувачи веруваат во две победи на Македонија, денеска, а има и играчи кои веруваат во победа на нашите селекции во Палермо и Белград, и тоа во мечеви на кои ќе има барем по три гола.

- Оглас -

Најнови вести